Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон
Економија

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

28/11/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,  Сања
Божиновска, денес оствари средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, како и со британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју
Лосон.

На средбата се разговараше за можностите за зголемена соработка, особено
во енергетскиот сектор, со акцент на исполнување на заедничките цели за
енергетска стабилност, независност и зелена енергетска транзиција.

Министерката Божиновска го истакна значењето на британската поддршка и
посочи дека нашите цели се модернизацијата на енергетската мрежа, подобрувањето
на капацитетите за складирање електрична енергија и унапредувањето на
обновливите извори на енергија. Од британска страна беше потенцирана
подготвеноста за вложувања и поддршка на реформите во енергетиката, како дел од
заедничките заложби за намалување на емисиите на штетни гасови и обезбедување
на одржлива енергија.

Бартон, кој ја посети Македонија по трет пат, ја нагласи важноста на
партнерството меѓу двете земји, додека амбасадорот Лосон истакна дека Велика
Британија и Македонија веќе успешно соработуваат во неколку клучни области, а
енергетиката е стратешки приоритет за понатамошно продлабочување на односите.

Оваа средба претставува значаен чекор кон отворање нови можности за
инвестиции и зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Велика
Британија, со цел градење стабилна, независна и зелена енергетска иднина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy