МИНИМАЛНИ ПЛАТИ ВО РЕГИОНОТ: Кои земји се подобри од Македонија?
Maкедонските работници примаат минималец од 300 евра, кој наскоро треба да се зголеми. Сепак, во регионот, повеќето земји се подобри од Македонија.
Најниска минимална плата од 264 евра земаат косовските работници, а минималната плата во Албанија е 284 евра. Во Босна и Херцеговина минималецот порасна на 305 евра. Во Србија, минималецот од 40.020 динари или околу 340 евра се зголеми за 43 евра. Црногорците кои имаат минимална плата од 450 евра. Во Хрватска од 1 јануари минималецот е 560 евра, а во Словенија изнесува 1.203,36 евра.
foto freepik.com/luca9257