Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО – Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември
Економија

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО – Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

27/11/2024

AA

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од 2.000 денари во март следната година. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека сака минималната плата да се зголеми на 600 евра, но треба договор и законски измени и за барањето на Синдикатот минималната плата да биде 450 евра.

„Ако во рамките на Економско-социјалниот совет договориме да се зголеми минималната плата, претходно треба да се смени Законот за минималната плата. Кога ќе се направат измените, може да се зголеми минималната плата на 450 евра. Има политичка волја. Што се однесува до мене, јас сакам минималната плата да биде 600 евра“, рече министерот Дурмиши денес одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“.

Дали минималната плата може да се покачи на 450 евра Економско-социјалниот совет ќе одлучува на седница во декември. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, вели дека аргументите се на нивна страна.

„Дијалогот во однос на минималната плата е отворен. Аргументите се на наша страна. Ако знаете дека во Црна Гора минималната плата е веќе 800 евра, ако знаете дека минималната плата во Босна од 1 јануари ќе биде 600 евра, ако знаете дека во Србија е 454 евра, мислам дека синдикалната минимална кошничка, која изнесува 62.000 денари, покажува дека платите мора да се зголемат. Разговараме во однос на ова прашање поврзано и со мерките на Владата за ограничување на маржите на производите и мислам дека на наредната седница на Економско-социјалниот совет ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме за да ги убедиме бидејќи мораме да се убедуваме за потребата од растот на сите плати, вклучително и растот на минималната плата“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

Тој потсети дека што побргу мора да се направи исчекор за раст на платите и очекува Владата на ист начин како што ги покачи платите во образованието и здравството, ќе успее до крајот на годината да ја исправи неправдата за сите работници што не добија усогласување на платите оваа година поради изборите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТАВ Македонија е добитник на сертификатот Great Place To Work®

09/04/2026
Македонија

Собранието го усвои законот за мотоцикли до 125 см³ со

09/04/2026
Македонија

АЛКОХОЛОТ И ВОЗЕЊЕТО НЕ ОДАТ ЗАЕДНО! Апел до возачите за

09/04/2026
Македонија

Приведен 64-годишен маж од Радовиш: Се сомничи дека предизвикал пожар

09/04/2026
Македонија

Таткото на Надица: Чекаме резултати од токсиколошките анализи за нашите

09/04/2026
Македонија

БОКСОВИ, НОЖ И ГАСЕН ПИШТОЛ Taтко и синови нападнале вработени

09/04/2026
Македонија

ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ Oд мај стартува новата

09/04/2026
Македонија

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42283
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТАВ Македонија е добитник на сертификатот Great Place To Work® втора година по ред

09/04/2026

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, добитник е на сертификатот Great Place To Work® (март 2026

Собранието го усвои законот за мотоцикли до 125 см³ со Б категорија

09/04/2026

Собранието на Република Македонија на вчерашната седница по скратена постапка го усвои Законот за дополнување на Законот за безбедност на

АЛКОХОЛОТ И ВОЗЕЊЕТО НЕ ОДАТ ЗАЕДНО! Апел до возачите за поголема внимателност за време на

09/04/2026

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy