Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Минатото полугодие од Македонија си заминале 4.000 ученици?
Македонија

Минатото полугодие од Македонија си заминале 4.000 ученици?

10/02/2023

AA

Ако ги погледнеме бројките за цела Македонија со таа тенденција бидејќи цела Македонија се празни, секое село, секој град, Скопје се празни доаѓаме до една ужасна бројка дека само во изминатото полугодие од Македонија си заминале 4.000 деца, 4.000 ученици се отпишале. Тоа е пораз на владата, тоа се катастрофални бројки, рече на прес конференција членот на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

– Сите тие 4000 деца имаат 4000 мајки, 4000 татковци, дека има деца кои што се отпишале од градинка, дека има отселени луѓе кои што имаат по 20 години а не засновале семејство доаѓаме до една фрапантна бројка дека во времето на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски изминатото полугодие од Македонија си заминале околу 15.000 и 20.000 луѓе, давајќи бројка за иселени во текот на 2022 година од 30.000 до 40.000 луѓе, кои што се млади, кои што се силата на оваа држава кои што се виталност. Еден цел градски стадион полн со луѓе ни се има иселено од Македонија за една година со оваа влада на неразбрани трговци, со овој претседател Пендаровски кој со прст не мрда додека државата се распаѓа, додека Македонија пропаѓа и економски, и демографски. Таче Ковачевски кој што не мрда со прст да направи било што за оваа Македонија, а само тера коалиции, Пазар 3, купи ден-помини, со кој што ќе направи некоја комбинација за да остане месец, два, три или пет да остане повеќе на власт, а се помалку и помалку буквално да ја има Македонија со овие иселувања кои ни се случуваат – вели Ѓорчев.


Тој додава дека од Македонија секогаш имало заминување, печалбарство, луѓе кои си оделе, но ваков егзодус, вакво празнење на Македонија никогаш, никогаш немало. Ниту еден окупатор, ниту еден душман не ја набркал, не ја раселил Македонија, не ја проретчил Македонија како оваа влада на неразбрани трговци Димитар Ковачевски Таче и Стево Пендаровски.

– Тоа е катастрофата во која живееме. Мораме да најдеме сила да ги поразиме овие политики. Македонија, мора, мора да најде сили да направи сериозна промена да направи дисконтинуитет да има нова гарнитура која ќе може да спасува што може да се спасува од оваа држава. Затоа што со ваквите политики, со оваа катастрофа и со оваа нивна индиферентност ќе остане буквално пустелија. Нема закажано седница на Совет за безбедност, нема специјална седница на влада нема специјална седница на Собрание мислат дека е нормално и во ред во едно полугодие да ни се иселат 15-20 илјади луѓе, а на ниво на година 40 илјади луѓе и нив тоа не ги допира, око не им трепнува – вели Ѓорчев.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy