Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
Македонија

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025

AA

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и член на партискиот Извршен одбор, Антонијо Милошоски, денеска категорично ги отфрли информациите дека Македонија би можела да стане дестинација за сместување азиланти од Велика Британија. Според него, ваквите наводи од британските медиуми не стојат и претставуваат обид за политички спинови.

Милошоски посочи дека новиот Договор за стратешко партнерство меѓу двете држави не содржи никакви одредби поврзани со изградба на бегалски кампови, туку напротив – нуди рамка за унапредена соработка во клучни области како инвестиции, инфраструктура, безбедносни политики и економија.

„Договорот е сериозен и значаен за Македонија. Со него се предвидува поддршка за изградба на железничка, патна, здравствена и енергетска инфраструктура. Но бегалски кампови не се дел од ниту една точка,“ изјави Милошоски. Тој нагласи дека Велика Британија, по излегувањето од ЕУ, склучува слични договори со земјите од регионот со цел зајакнување на легалната основа за борба против организирана и нелегална миграција – што, според него, е во компатибилност со постојната соработка со Фронтекс.

Како најсилен демант за медиумските пишувања, Милошоски ја цитираше и изјавата на британскиот амбасадор во Скопје, кој потврдил дека договорот се однесува на развој во инфраструктурата, економијата, безбедноста и образованието, но не и на сместување азиланти.

Тој оцени дека политичките актери кои продолжуваат да ја отвораат темата за бегалски кампови го прават тоа од недостаток на визија и идеи за унапредување на меѓународните партнерства.

Во меѓувреме, британски медиуми објавија дека Велика Британија наводно разгледува можност за депортирање одбиени азиланти во Северна Македонија и дека разговори на оваа тема се одвивале од есента. Македонските власти ваквите наводи решително ги негираат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и во Македонија

02/09/2026

Компанијата „Старлинк“ најави проширување на својата мобилна услуга во Европа во соработка со телекомуникациската групација „4иГ Груп“, а во плановите

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy