
Милошоски: Мицкоски ќе го добие мандатот за нова Влада на 6-ти јуни
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека Мицкоски во четврток ќе го добие мандатот за нова Влада, и дека се очекува поддршка од сите политички субјекти за реформа на Владата. Како што претходно најави ВМРО-ДПМНЕ, ќе има укинување на некои министерства, и фомирање на нови.
