Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милевски: Ваков меч се игра еднаш или никогаш, овој тим покажа дека може со сите!
Спорт

Милевски: Ваков меч се игра еднаш или никогаш, овој тим покажа дека може со сите!

18/06/2023

AA

После болниот пораз од Украина и неверојатниот неразбирлив пад во последната третина од мечот (2-3 после 2-0), македонскиот селектор Благоја Милевски верува дека Македонија може да дојде до нов добар резултат и тоа против светската велесила Англија, актуелниот лидер со максимален ефект во „групата на смртта“ во овие евроквалификации.

Украина е веќе минато, минато се и двете ремија на двете гостувања на Островот, но Милевски верува во потенцијалот на оваа селекција, дека може да се дојде до нов голем резултат, зашто златната генерација веќе многупати докажала дека може да биде конкурентна со сите.

„Од 2006 до сега поминаа 17 години и се игра поинаков фудбал. Македонија покажа не само сега во моментов, туку покажувала и назад неколку години дека има квалитет и потенцијал да биде конкурентна во Европа. Да не се навраќам што овие момци имаат постигнато низ годините. Овој тим има потенцијал да одигра добар меч со Англија, а потоа да биде конкурентна и во квалификациите.Натпреварот кој ни следи го играте еднаш, можеби и ниеднаш пак во своите кариери. Мора да го потврдиме она кое го покажавме во претходните дуели“, вели Милевски пред мечот.

Според селекторот чест е да се игра дуел против селекција која е меѓу најдобрите три моментно во Европа, а среќен е што двата стопери Никола Серафимов и Дарко Велковски го издржаа тренингот и се во функција за утрешниот меч, особено што Висар мУслиу е недостапен поради исклучувањето со Украина

„Околу Англија, не треба да се трошат зборови, дали е индивидуален квалитет или тимски. Се работи за екипа со врвни фудбалери, кои пред некое време ја освоија Лигата на шампионите. Би ја сместил Англија во ТОП-3 во Европа и ќе ни биде чест да одиграме меч со таков ривал. Ме радува фактот што Серафимов и Велковски го завршија тренингот без проблеми. Се надевам дека ќе се стават во функција за утрешниот натпревар“, додаде Милевски.

Тој потенцира дека е задоволен како Македонија одигра со Украина, без оглед на болниот пораз, но верува дека селекцијата ќе покаже сѐ утревечер на „Олд Трафорд“

„Не може да не бидам задоволен од изданието на момците против Украина. Да, анализирани се одредени моменти и извлечени се заклучоци кои верувам на сите ни помогнаа. Сега на нив е уште еднаш да го покажат својот квалитет на терен, и убеден сум дека ќе биде така. Немаме никаков притисок. Не чувствуваме никаков притисок затоа што играме против една моќна селекција како Англија“, посочи Милевски.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
Македонија

ПОСЛЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ: Повторно отворено Средното полициско училиште „7 Мај“,

01/09/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45386
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026

Меѓуградскиот автобуски превоз во Македонија повторно поскапува, што дополнително ќе го оптовари буџетот на граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу градовите

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските ѕвезди

01/09/2026

Светски познатиот тенор Хозе Карерас настапи вечерва во Скопје, на плоштадот Македонија, во срцето на главниот град, по повод одбележувањето на 35 години

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците, огнот се шири кон Серта

01/09/2026

Силниот ветер попладнево го разгоре пожарот во близина на штипското село Селце, ставајќи под директна закана голем број викендици во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy