Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Михаилов на принуден „одмор“ по пет дена борба со пожарите
Македонија

Михаилов на принуден „одмор“ по пет дена борба со пожарите

21/07/2025

AA

По пет дена непрекината борба со пожарите во југоисточна Македонија, директорот на Национални шуми, Кире Михаилов, е хоспитализиран поради здравствени компликации предизвикани од исцрпеност. Веста ја објави самиот Михаилов на социјалните мрежи, каде упати емотивна порака до јавноста.

„ЕКИПО, поради тоа што сум хоспитализиран, одам на присилна пауза додека кажат докторите. И така, веќе една година откако сум назначен за директор, немам користено одмор, па штом не знам редовно – еве тогаш присилно“, напиша Михаилов.

Во истата објава, тој сподели и драматична случка од терен, во која лично помогнал при спасување на младо момче по име Славе, кое се нашло во животна опасност при гасење на пожарот.

„Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене, а беше паднат на линијата на огнот од вдишување чад, бранејќи ја викендицата на чичко му“, вели Михаилов. Тој изрази надеж и за неговите блиски, кои останале заглавени на терен, опколени од сите страни од пламените јазици.

Михаилов упати голема благодарност до припадниците на МВР, специјалната единица и пилотите на хеликоптерите, кои со, како што рече, „прецизни фрлања“ успеале да спречат огнот да стигне до нив. Посебен поклон упати до командирот на СВР Струмица, Никола, кој заедно со своите луѓе, направил „буквално невозможното“.

И покрај личните здравствени проблеми, Михаилов рече дека не жали што е во болница, туку жали што огнот, по пет дена надчовечка борба, успеал да навлезе на територијата на општина Радовиш.

„За кратко се гледаме повторно онаму каде што ќе бидам најпотребен – рамо до рамо со нашите сограѓани, во добро и зло. Да сте ми живи, здрави и среќни сите, а нашата Македонија да ни биде вечна!“, заврши Михаилов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
Македонија

Во вчерашната несреќа на патот Градско – Прилеп загина 58

27/06/2026
Македонија

Андоновски со отчет: Од хаос и милионски тужби, изградивме дигитален

27/06/2026
Македонија

МВР со нов Закон за оружје: Помалку бирократија, поголема безбедност

27/06/2026
Македонија

Пронајдена е 77 годишната Божа од скопско Орешани

27/06/2026
Македонија

СДСМ: Две години мандат на Тошковски донесоа распад на безбедносниот

27/06/2026
Македонија

Никогаш не трчајте кон излезот и не користете лифт: Ова

27/06/2026
Македонија

Силните потреси во Венецуела предупредување и за Македонија: Подготвеноста спасува

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43984
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала пред домот и ја нападнала

27/06/2026

На 26.06.2026 во 21:20 часот во СВР Струмица 30-годишна жена од Струмица пријави дека на улицата пред нејзиниот дом во

Во вчерашната несреќа на патот Градско – Прилеп загина 58 годишен битолчанец!

27/06/2026

На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат  Градско- Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со

Андоновски со отчет: Од хаос и милионски тужби, изградивме дигитален систем во служба на граѓаните

27/06/2026

Од субстандардни услови, дезорганизираност и милионски долгови, до институција за респект која испорачува реални решенија за граѓаните. Вака министерот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy