Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски за „Дојче Веле“: ВМРО-ДПМНЕ покажа конструктивност, СДСМ пропушта историска шанса за заштита на идентитетот
Македонија

Мицкоски за „Дојче Веле“: ВМРО-ДПМНЕ покажа конструктивност, СДСМ пропушта историска шанса за заштита на идентитетот

12/06/2023

AA

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“ вели дека ВМРО- ДПМНЕ покажала конструктивност, која власта нема капацитет да ја валоризира, а времето ќе покаже што значел нивниот предлог.

Иако средбата Ковачевски-Мицкоски заврши без договор, поради што и претседателот Пендаровски одби да ја коментира, пет дена по неа сѐ уште не престануваат тврдењата на СДСМ дека Мицкоски прифатил уставни измени, но без осврт кон посочените услови под кои опозициската партија би се согласила за тоа. Ваквиот пристап само ја интензивираше размената на меѓупартиски реакции, и ја зголеми недовербата меѓу соговорниците.

– СДСМ е потполно свесна за тоа што го понудив на лидерската средба, но упорната манипулација која се прави со изнесување на неточни информации и импутирање на зборови практично ја отсликува состојбата во партијата и значи отсуство на волја да се направи реален исчекор со решение кое ќе значи зачувување на идентитетот и реална и брза интеграција на државата. Дотолку повеќе што задните и вистински намери се гола пиар реторика и битка, отколку грижа за државата. Расфрлањето со пердуви е контрапродуктивно затоа што јасно е од лидерската средба дека нема договор, а сѐ уште чекаме одговор од СДСМ – кој од двата предлози кои ги понудив тие го прифаќаат. И на самата средба Ковачевски беше дециден дека нема договор, што и јас го кажав потоа во изјавите пред медиумите. Мојата цел беше да се одглават работите и да се даде поинаква перспектива на процесите, да создадеме решение кое нема да биде на штета на граѓаните и иднината на Македонија. Жалам што СДСМ пропушта голема и историска шанса- вели Мицкоски во интервјуто за „Дојче Веле“.

За Мицкоски не е поента ВМРО- ДПМНЕ да дојде на власт во некаква широка влада, туку да се изгради процес и пакт за национално единство каде ќе се заштитат националните интереси.

– ДУИ не е во позиција да поставува услови. Доколку СДСМ навистина го прифати еден од предлозите, тоа се: Прво, завршување на процесот сега, со одложено важење кога Македонија ќе ги заврши преговорите и ќе влезе во ЕУ, така го заштитуваме Уставот и идентитетот, нема дополнителни условувања и барања од Бугарија. ДУИ тоа го толкува поинаку, тоа е нивен проблем. Колку побргу заминат во опозиција, толку побргу на Македонија ќе и` тргне. Второ, избори наесен, поддршка на опозицијата во заштита на идентитетот многувековен, традиција, култура, обичаи и јазик пред европските институции од страна на опозицијата, економски пакет од Европската Комисија, имплементирање на пресудите од судот за човекови права во Стразбур за Македонците во Бугарија – додава Мицкоски.

Целото интервју може да го прочитате тука .

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026
Македонија

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026
Македонија

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало

09/08/2026
Македонија

Полицијата му дошла на помош, тој ги нападнал: Приведен 17-годишник

09/08/2026
Македонија

Во стан во Карпош пронајдена почината 45-годишна жена

09/08/2026
Македонија

Запленето товарно возило поради нелегален ископ на песок во неготинско

09/08/2026
Македонија

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни

09/08/2026
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44930
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина Мила Камбовска, екс судија во Врховен суд

09/08/2026

Вчера на 79 годишна возраст, почина Мила Камбовска, поранешен судија на Врховниот суд на Република Македонија, во пензија. Како што

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026

На 09.08.2026 во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско,

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало во водите на Преспанското Езеро

09/08/2026

На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy