Skip to content
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Во недела сите масовно да излеземе на гласање, зошто додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина!
Македонија

Мицкоски: Во недела сите масовно да излеземе на гласање, зошто додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина!

31/10/2025 1 min read

AA

Во поривот изборен круг коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, благодарение на поддршката на граѓаните, постигна историски резултат. За прв пат во независна демократска Македонија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на советничките листи победи во 58 општини плус главниот град, тоа се вкупно 59 општини. Имаме веќе избрани 33 градоначалници, во вториот круг имаме дополнителни 26 кандидати за градоначалници, а противкандидати на нашите кандидати во две општини веќе се откажаа, со што трката во вториот круг веќе е извесна и таму. А од останатите 24 очекувам во сите 24 општина да победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да бидат градоначалници во своите општини, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Македонска Каменица во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.

Додаде дека очекува, со победата на Орце Ѓорѓиевски во Град Скопје, да се заокружи бројката од 60 градоначалници, што е исто така историски резултат што никогаш не е направен во Македонија.

Мицкоски ги повика граѓаните на Македонска Каменица, но и на цела Македонија, да излезат да гласаат и на вториот круг во недела и тоа уште помасовно, затоа што со останувањето дома се дозволува некој друг да одлучува за иднината.

„Би сакал да се заблагодарам на сите граѓани коишто излегоа и гласаа во првиот круг и да ја искористам оваа прилика да ги повикам да излезат и да гласаат во вториот круг. Гледаме дека има наши граѓани коишто, можеби, со години не дошле во Македонија, но доаѓаат од земјите во западна Европа за да гласаат во општини како што се Брвеница и Кичево и така натаму. А, гледаме дека одредени наши сограѓани остануваат дома мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков револт, пркос или ќе испратат некаква порака, која во суштина нема да биде препознаена, бидејќи кога останувате дома дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина. Затоа мојата порака и мојата замолница до оние коишто сè уште се двоумат дали да излезат во овој втор изборен круг, е да излезат масовно и, нормално, да го заокружат бројот 9 за Димче, за идниот градоначалник на Македонска Каменица“, повика Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се бори подеднакво за секоја општина и за секоја педа од македонската територија, што се покажа и во измината година и половина власт.

„Ние се бориме за секоја општина, се бориме за секој човек, се бориме за секој метар квадратен македонска територија, тоа го покажавме како Влада изминатите 16 месеци, така ќе биде и во овој втор круг. Затоа, кога велам дека очекувам сите 26 кандидати кои се во вториот круг сите да победат и да им се приклучат на оние 33, тоа и го мислам и ние како ВМРО-ДПМНЕ, како коалиција правиме се што можеме тоа да се случи и јас сум убеден дека во недела заеднички ќе испишеме уште една историја, којашто до сега не се случила во Македонија“, потенцираше Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни
Македонија

Возило удри 10-годишно девојче во Кичево – со тешки повреди

31/10/2025
Македонија

Политичката иднина на Зијадин Села сè повеќе зависи од оние

31/10/2025
Македонија

ВАР клучна поддршка за судиите: Судиските одлуки на мечот Вардар

31/10/2025
Македонија

Хорор во Петровец: Сопруг ја нападнал сопругата – ја удирал

31/10/2025
Македонија

Мицкоски: Во недела сите масовно да излеземе на гласање, зошто

31/10/2025
Категории
  • Економија 7905
  • Македонија 37154
  • Регион 3997
  • Свет 14
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС
Македонија

Возило удри 10-годишно девојче во Кичево – со

31/10/2025

На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „опел астра“ со

Македонија

Политичката иднина на Зијадин Села сè повеќе зависи

31/10/2025

Политичката иднина на Зијадин Села сè повеќе зависи од оние кои со години ги игнорираше – македонските гласачи во Струга.

Македонија

ВАР клучна поддршка за судиите: Судиските одлуки на

31/10/2025

На натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, помеѓу Вардар и Силекс, беа анализирани две судиски одлуки кои

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy