Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски со честитка за Прочка: Простувањето е личен подвиг во кој човекот ги победува своите слабости
Македонија

Мицкоски со честитка за Прочка: Простувањето е личен подвиг во кој човекот ги победува своите слабости

26/02/2023

AA

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати честитка во негово и во име на партијата до сите православни верници по повод празникот Велики поклади – Прочка.

„Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници им го честитам празникот Велики поклади – Прочка.

Простувањето е личен подвиг во кој човекот ги победува своите слабости, недостатоци и грешки кои сите ние ги имаме.

Во најдлабоката суштина на сето ова е стремежот да бидеме подобри, почовечни, да ги сакаме ближните и да се бориме за работите кои веруваме. Во центарот на таа борба е иднината на нашите семејства, пријателите, народот, иднината на нашата Македонија. А, за тоа е потребно волја и верба, чист образ и многу работа.

И во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам.

Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека.

Но воедно тоа не значи и немање на одговорност за сите оние кои си поигруваат со заедничката иднина на сите и го прават живот потежок.

Само заедно, едни до други, со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина.

Нека е честит празникот Велики поклади – Прочка!“, пишува Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Галичка свадба 2026: Традиција што обединува генерации и партнерства

29/06/2026
Македонија

Премиерот: Ќе ја анализираме секоја фактура за да ги намалиме

29/06/2026
Македонија

Топлотен бран во Македонија, ИЈЗ издаде препораки за заштита

29/06/2026
Македонија

Нормализиран сообраќајот кон Меѓународниот аеродром Скопје

29/06/2026
Македонија

Во среда последно збогум за Владо Јаневски на гробиштата во

29/06/2026
Македонија

Трагедија во Карпош: 58-годишен скопјанец пронајден мртов во базен во

29/06/2026
Македонија

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува

29/06/2026
Македонија

Николоски: Следува целосна трансформација на железницата, ќе се набават нови

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44024
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Галичка свадба 2026: Традиција што обединува генерации и партнерства

29/06/2026

Од 10 до 12 јули, живописниот Галичник повторно ќе биде домаќин на една од најпрепознатливите и најавтентични културни манифестации во

Премиерот: Ќе ја анализираме секоја фактура за да ги намалиме цените на храната

29/06/2026

И покрај тоа што според последните податоци на Евростат Македонија има најниско ценовно ниво на основната потрошувачка кошничка во Европа,

Топлотен бран во Македонија, ИЈЗ издаде препораки за заштита

29/06/2026

Поради високите температури кои ја зафатија земјава, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати препораки до граѓаните како да се заштитат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy