Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски се сретна со Радев, побара трајно решение за спорот
Регион

Мицкоски се сретна со Радев, побара трајно решение за спорот

19/07/2024

AA

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев на Самитот на Европската политичка заедница во палатата Бленхајм во Оксфорд.

„Румен Радев, во разговор со премиерот Христијан Мицкоски, изрази надеж дека Република Северна Македонија ќе го забрза спроведувањето на билатералниот договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и договорите на земјата со Европската Унија, кои ќе ја отвори перспективата за почеток на преговори за полноправно членство со ЕУ“, соопштија од кабинетот на бугарскиот претседател.

На билатералните средби во Лондон, премиерот Мицкоски ја истакна потребата од регионална енергетска соработка, „бидејќи сите земји од регионот и Европа мора да најдат алтернатива на рускиот гас и неговата злоупотреба за политичко влијание“.

Тој на средбата со Радев побарал трајно решение на проблемот со Бугарија. Мицкоски минатиот месец изјави дека се додека е на функција нема да се потчини на „бугарскиот диктат“ за уставни измени.

„Главен приоритет на Македонија и на новата Влада на Македонија се добрососедските односи и евентуално изнаоѓање трајно и стабилно решение на проблемот што го имаме со нашиот источен сосед“, нагласи Мицкоски за средбата со Радев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Четворица приведени поради семејно насилство, регистрирани седум случаи за едно

06/07/2026
Македонија

МВР: 11 лица лишени од слобода поради дрога во Скопје,

06/07/2026
Македонија

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во

06/07/2026
Македонија

ЦУК: Еден активен пожар кај Куманово, пет изгаснати на повеќе

06/07/2026
Македонија

Им побарал 100.000 евра, па ги нападнал со нож –

06/07/2026
Македонија

Љутков: Почитта кон македонскиот јазик се покажува со институции, не

06/07/2026
Македонија

Потпишан договорот за автопатот Скопје–Блаце: Изградбата стартува во август

06/07/2026
Македонија

Девет лица управувале пловни објекти под дејство на алкохол на

06/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Четворица приведени поради семејно насилство, регистрирани седум случаи за едно деноноќие

06/07/2026

Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала седум случаи на семејно насилство низ државата, при што четири лица биле лишени

МВР: 11 лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Гостивар, Битола и Прилеп

06/07/2026

Полициските службеници во текот на изминатите денови спровеле повеќе акции на територијата на Скопје, Гостивар, Битола и Прилеп, при што

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година

06/07/2026

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy