Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: СДСМ се претвори во едно обично гранапче, кое што служи да ги штити интересите на една фамилија
Македонија

Мицкоски: СДСМ се претвори во едно обично гранапче, кое што служи да ги штити интересите на една фамилија

11/10/2025

AA

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање од денешниот народен митинг во општина Кривогаштани, одржан во рамки на изборната кампања чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за локалните избори кои се закажани на 19 октомври годинава. Мицкоски се осврна на кампањата на опозициската СДСМ, која ја оцени како најцрна досега во историјата на независна Македонија, а испрати и порака до членовите на СДСМ, и ги повика да се приклучат кон политичка дебата заснована на проекти и идеи, аргументи и факти, и да и помогнат на нивната партија, која од државотворна и некогаш голема, сега е сведена на, како што вели тој, гранапче, кое само им служи на малкумина.

„Нашиот политички противник, СДСМ, оваа кампања ја почна спротивно на целата теорија и пракса, со црна кампања, со ад хоминем напади, со ниски страсти, нешто што досега е невидено во независна Македонија“, кажа Мицкоски и додаде:

„По грозна, и по црна кампања досега не постоела во Македонија, со тоа што го прави СДСМ. Но, тоа не само што не не плаши, туку на моменти предизвикува и чувство на смеа, но и желба, и инспирација да продолжиме и понатаму, и бидејќи некој, којшто одлучил да води таква црна кампања, без идеја и без суштинска понуда кон граѓаните се одлучил на тој чекор, тој мора да е многу уплашен. Има зошто да се уплашени, бидејќи на овие избори на 19 октомври ги очекува уште еден историски епски пораз, после оние 5 што ги нанижаа од 2021-та година па наваму“.

Тој се обрати и до членовите на СДСМ, и истакна дека има разбирање за нив, за оние кои не можат да гледаат во која состојба се наоѓа СДСМ, и како од државотворна партија се сведе на гранапче, кое служи само да ги штити интересите на раководството на партијата.

„Сакам да ја искористам оваа можност, од Кривогаштани, да се обратам до членовите на СДСМ, овде во Кривогаштани, до оние чесните, пристојни, домаќини луѓе коишто си ја сакаат својата политичка партија. Имам разбирање за нив, коишто не можат да гледаат денеска во која состојба се наоѓа СДСМ, од некогаш големата и државотворна партија, денеска се претвори во едно обично гранапче, кое што служи да ги штити интересите на една фамилија, интересите на неколумина луѓе од раководството на партијата“, кажа Мицкоски.

Локалните избори се можност за внатрешно реструктуирање на партијата, и според него,  таму има искусни и млади луѓе кои се добредојдени после локалните избори, бидејќи е потребна корисна политичка дебата.

„На 19 октомври е можност за внатрешна измена, за внатрешна катарза, реструктуирање на самата партија, свесен сум и знам дека таму има луѓе кои што се искусни и млади, па таква една симбиоза на тие луѓе, искусни и млади би била добредојдена после локалните избори и за нас како ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нас ни треба корисна политичка дебата, дебата која што ќе се темели на аргументи, на факти, на проекти, на визија итн“, нагласи Мицкоски и додаде:

„Но, на 19 октомври, ве повикуваме и ви подаваме рака, излезете заокружете го бројот 9 за Сашо, за победничката листа на ВМРО-ДПМНЕ овде во Кривогаштани, бидејќи само на тој начин ќе можете да ја вратите вашата партија, СДСМ, на правилната траекторија и да се бориме заедно за нашата заедничка татковина Македонија, бидејќи ние друга земја немаме“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
Македонија

Малолетник од Скопје заврши на дежурен откако испил голема количина

07/12/2025
Македонија

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА

07/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38614
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи до 17 степени

07/12/2025

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна по повод државниот празник „Св.

07/12/2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се

07/12/2025

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy