Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски на ЕСС: Дијалог и одговорност – економски раст и реални политики!
Македонија

Мицкоски на ЕСС: Дијалог и одговорност – економски раст и реални политики!

30/07/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на состанокот на Економско-социјалниот совет, истакна дека Владата има јасна слика за реалната состојба во која живеат граѓаните и додаде дека е свесен за предизвиците со кои се соочуваат.

„Знаеме дека стандардот не се подобрува преку ноќ, но ако навистина сите веруваме дека интересот на граѓаните е поважен од политичките разлики, тогаш можеме да донесеме добри решенија“, порача Мицкоски.

Тој призна дека постојат разлики меѓу Владата и дел од синдикатите, но нагласи дека токму тие разлики се причина за поискрен дијалог. „Кога постои волја, постои и пат. А волјата денес постои – и кај нас и кај социјалните партнери“, рече премиерот.

Во изминатата година, според него, Владата работела тивко, но посветено и резултатите веќе се гледаат. Платите во мај се зголемиле за 11%, а растот на бруто-домашниот производ во првиот квартал достигнал 3,2%. Во исто време, индустриското производство пораснало за 9,4%, што според премиерот, е резултат на системски мерки и фискална дисциплина.

Мицкоски нагласи дека годинава се обезбедени 250 милиони евра за поддршка на нов инвестициски циклус кај компаниите, и уште 250 милиони евра за општините за капитални проекти. „Ова не се ветувања, туку пари кои веќе се инвестираат на терен“, рече тој.

Истакна и дека првпат по седум години е забележано намалување на јавниот долг – за 4,7 процентни поени во однос на БДП или 36 милиони евра во апсолутна вредност. Воедно, според него, Владата целосно ја отплатила еврообврзницата од 500 милиони евра од 2018 година, без издавање нова. „Тоа не е само финансиска ставка, тоа е доказ за одговорно владеење“, рече премиерот.

Во говорот, Мицкоски ја спомена и новата Фискална стратегија 2026–2030, со која се зацврстува основата за стабилен економски раст во следните пет години. Очекува денес да се усвои Програмата за работа на Економско-социјалниот совет за 2025 година, која треба да биде потврда за функционирањето на овој совет како вистински механизам за социјален дијалог.

„Оваа Влада покажува дека државата може да се води со стабилни финансии, растечки плати, поддршка на економијата и дијалог со сите општествени чинители. Ако сакаме подобро утре, тоа почнува со чесна работа денес“, заврши Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy