Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ: Македонската јавност треба да знае како се манипулирало при пресметката на минималната потрошувачка кошничка
Економија

МИЦКОСКИ: Македонската јавност треба да знае како се манипулирало при пресметката на минималната потрошувачка кошничка

31/01/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има пропусти во методологијата како се пресметува кошничката. 

„Македонската јавност треба да знае како се манипулирало при пресметката на минималната потрошувачка кошничка, а ја пресметувале поранешни функционери од СДСМ“, кажа Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на екс министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска во Собранието.

Мицкоски истакна дека Владата има и покажала разбирање за граѓанските иницијативи за бојкот на маркетите, а потоа ја коментираше методологијата за пресметување на кошничката.

„Дали ја видовте методологијата како се пресметува минималната кошничка? Јас во мојот живот во јануари цреши и лубеници не сум јадел. Е, тоа е дел од методологијата, која е со цени од маркети кои во јавноста важат за ексклузивни маркети, наместо да се пресмета просечната цена. А, ја пресметуваат тројца експерти, Никола Поповски, Драган Тевдовски и Бранимир Јовановиќ. Појдов во неколку маркети без обезбедување и неколку производи од потрошувачката кошница ги споредив со цените. Само за храна и пијалаци цената е помала за 3.000 денари од предвидена цена, што ќе рече за 15 отсто помала. Просечната цена. Јас самиот сум го направил тоа“, истакна премиерот.

Тој рече дека ова со слики ќе го презентира во понеделник. Минималната кошничка за четири члена одамна е над 1.000 евра. 

Граѓаните утре ќе ги бојкотираат маркетите, револтирани поради високите цени. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција

27/01/2026
Македонија

ВРЕДИ СО СИЛНА ПОДДРШКА НА СИСТЕМОТ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Правилата постојат

27/01/2026
Македонија

Ревизија во Охрид: Не се наплаќале побарувањата од ЈП и

27/01/2026
Македонија

ОНЛАЈНМЕДИА ОСТРО ЈА ОСУДУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ Партијата мора да

27/01/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА ДИЛЕРИ ПАДНАА ВО ВАЛАНДОВСКО Марихуана и хашиш патувале од

27/01/2026
Македонија

ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на

26/01/2026
Македонија

ОБЛАЦИТЕ НЕ ПОПУШТААТ, ВРНЕЖИТЕ ТРААТ Кон крајот на седмицата доаѓа

26/01/2026
Македонија

Поплава во Струмичко: Удавени над 100 овци и јагниња, уништени

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40657
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција со Ататурк

27/01/2026

Мрежата за заштита од дискриминација упати остар апел до Собранието на Република Северна Македонија да не ја именува кандидатката Џихан

ВРЕДИ СО СИЛНА ПОДДРШКА НА СИСТЕМОТ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Правилата постојат да се почитуваат и да

27/01/2026

Законот за „Безбеден град“ е еден од најважните закони што се донесени во Северна Македонија, бидејќи во својата суштина ги

Ревизија во Охрид: Не се наплаќале побарувањата од ЈП и даночните обврзници, се делеле субвенции

27/01/2026

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Охрид, за 2024 година. Констатирани

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy