
Мицкоски: Македонија мора да успее и ќе успее!
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од 34-тата годишна конференција на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ порача дека очекува убедлива победа на партијата на локалните избори, а можноста СДСМ да не освои ниту една општина ја нарече реална.
„Оваа поддршка од народот е огромна одговорност. Не смееме да го разочараме народот кој во нас гледа надеж за промени и иднина“, рече Мицкоски.
Тој најави редовна ревизија на работата на сите функционери на годишно ниво и порача дека секој треба да се однесува одговорно кон секој денар на граѓаните.
Мицкоски порача и дека Македонија мора да стане праведна и успешна држава и додаде дека новата генерација не смее да живее во страв и апатија, туку да биде двигател на напредокот.
Говорот го заврши со цитати од Вацлав Хавел и Винстон Черчил, повикувајќи на храброст и истрајност.
„Оваа генерација нема да чека! Ќе се бори — и ќе победи! Македонија мора да успее — и ќе успее!“ – рече премиерот Мицкоски.