Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Како Влада остануваме целосно посветени на европскиот пат и на реформите кои ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна!
Македонија

Мицкоски: Како Влада остануваме целосно посветени на европскиот пат и на реформите кои ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна!

06/11/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, се осврна на Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија.

„Овој извештај не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој државата одговара на долгорочните европски приоритети,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи дека Владата останува 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што рече, претставува „важна придобивка за карактерот на меѓусебните односи и доказ за нашата посветеност кон европските вредности“.

Премиерот посочи дека во извештајот не се забележани области со назадување, а во четири поглавја е констатиран „добар напредок“. Особено позитивно е оценето поглавјето „Слободно движење на капитал“, каде што е зголемено нивото на подготовка благодарение на приклучувањето кон SEPA и на спроведувањето на мерките против перење пари и финансирање на тероризам.

Европската комисија, истакна Мицкоски, ги поздравила економските чекори, стабилниот банкарски сектор, умерениот раст на БДП и воспоставувањето на Фискалниот совет, што ја зајакнува фискалната дисциплина и транспарентноста.

Позитивни оценки има и во делот на дигитализацијата, јавната администрација, системите за е-набавки и сајбер-безбедноста, како и во образованието и науката, преку зголеменото учество во европските програми Horizon Europe и COST.

Мицкоски посочи дека во областа на инфраструктурата, Европската комисија ги нотира големите активности околу Коридорот VIII, TEN-T мрежата и новиот Закон за енергија, кој отвора пат кон зелена и праведна енергетска транзиција.

Посебно внимание премиерот му посвети на делот за слободата на изразување и медиумите, нагласувајќи дека е постигнат реален напредок во медиумската регулатива и институционалната независност.

„Зајакната е финансиската независност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што претставува важен чекор кон транспарентно и професионално медиумско работење,“ рече Мицкоски, додавајќи дека изборот на новите членови на Советот на АВМУ во Собранието ја потврдил заложбата за демократски процес и институционална стабилност.

Премиерот истакна дека Владата активно работи на усогласување со европското законодавство, особено со Европскиот акт за медиумска слобода (EMFA), и дека измените во Законот за медиуми се чекор кон создавање правна рамка која ќе ја гарантира медиумската слобода и плурализмот.

Во однос на предизвиците, Мицкоски рече дека државата мора да ја засили динамиката во делот на владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата, а политичката поларизација и слабата институционална координација остануваат пречки што ја забавуваат имплементацијата на реформите.

„Оваа Влада е целосно свесна за тие предизвици и веќе работи на нивно надминување. Поставени се нови приоритети за реформа на судството, зголемување на одговорноста и воспоставување јасни критериуми за оценување на судиите и обвинителите,“ изјави Мицкоски.

Во делот на антикорупцијата, најави дека целосната дигитализација на јавните набавки и зголемувањето на буџетската транспарентност ќе продолжат и во 2026 година.

Тој подвлече дека Владата е решена да го прекине долгогодишниот модел на партизација во јавната администрација и да воспостави систем во кој компетенцијата и професионалноста ќе бидат единствените критериуми за напредување.

На крајот, премиерот порача:

„Како Влада остануваме целосно посветени на европскиот пат и на реформите што ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна. Ќе ги адресираме сите области каде што има застој, со конкретни мерки, јасни рокови и отчетност. Нашата цел е полноправно членство во Европската Унија.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy