Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина
Македонија

Мицкоски: Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина

11/02/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина.

Како што вели, вложувањата во енергетиката се приоритет и од капитално значење.

„Денес и формално го означуваме почетокот на еден процес кој значи изградба на два енергетски суштински проекти во енергетскиот сектор.

Втора фаза од ветерниот парк Богданци, како и изградба на фотонапонската централа Битола 2.

За таа цел денес се случи потпишување на договор помеѓу АД ЕСМ и КфВ развојната банка наменет за изградба на двата нови капацитети за производство на обновлива енергија.

Инвестицијата е вредна 55 милиони евра од кои 47.3 милиони евра се за фотонапонската електрана Битола 2, додека ветерниот парк Богданци – Фаза 2, инвестицијата е 7,7 милиони евра.

Битола 2 ќе се гради во рамките на РЕК Битола и ќе има инсталиран капацитет од 50-60 MW. Се очекува оваа електроцентрала да произведува околу 80-90 GWh електрична енергија годишно, се разбира зависи тоа од сончевата радијација, што е доволно за отприлика 20 илјади домаќинства.

Повторувам, ќе се произведува електрична енергија за околу 20.000 домаќинства, со што ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид за 63.000 тони годишно.

Со втората фаза од изградбата на ветерниот парк Богданци е предвидено изградба на дополнителни четири ветерни турбини, со што инсталираната моќност ќе биде зголемена за дополнителни 13,6 MW, а вкупната инсталирана моќност ќе се зголеми на првиот дел од проектот и овој вториот дел вкупно ќе биде повеќе од 50 MW, обезбедувајќи дополнително годишно производство од 37 GWh, зелена енергија.

Благодарност до банката и германските партнери за поддршката и нивната помош.

На овој начин се бориме за поголема енергетска независност и поголема ефикасност. Ако во минатото и од минатите влади енергетиката беше поле за криминал и корупција, за нас ова е поле каде треба да ги засукаме ракавите, жестоко да работиме, затоа што преку енергетиката се гради и нашата заедничка иднина.

Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за повеќе од 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина.

На овој начин државата се грижи за секој еден од вас.“, вели Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
Македонија

ПОСЛЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ: Повторно отворено Средното полициско училиште „7 Мај“,

01/09/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија

01/09/2026
Македонија

29-годишен Охриѓанец приведен во Струга, бил затекнат во автомобил како

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45385
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските ѕвезди

01/09/2026

Светски познатиот тенор Хозе Карерас настапи вечерва во Скопје, на плоштадот Македонија, во срцето на главниот град, по повод одбележувањето на 35 години

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците, огнот се шири кон Серта

01/09/2026

Силниот ветер попладнево го разгоре пожарот во близина на штипското село Селце, ставајќи под директна закана голем број викендици во

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете и возрасен, во нападот учествувал

01/09/2026

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy