Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон
Економија

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

31/10/2024

AA

Прермиерот Христијан Мицкоски на пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче,денеска во Собранието рече дека во Вашингтон го молел раководството на изведувачот „Бехтел и Енка“ да не активира казнени клаузули од, како што рече, 100-тина милиони евра.

– Првата средба со Бехтел и Енка ја имав во Вашингтон и молев, требаше да ни наплатат 100 милиони евра зошто немаа фронт за работа. Молевме, да молев и ќе молам ако треба да го заштитам секој денар на граѓанинот на Македонија. И што направивме?Заедно со потпретседателот на владата и директорот на „Државни патишта“ со претставници од компанијата излеговме на истотото место (Гостивар – Букојчани)  каде што претходно се пукаа петарди, за да означиме отворен фронт со расчистени имотно правни односи и траса на која може конечно да се работи, рече Мицкоски.

Филипче како пратеник во Собранието го праша Мицкоски зошто организирале промотивен настан со „Бехтел и Енка“ на траса од изградбата на проектот Коридор 8 и Коридор 10Д, кога ВМРО-ДПМНЕ на времето како опозиција биле против овој договор со американско-турскиот конзорциум, на што премиерот одговори дека неговата партија била против посебните закони.

– Бехтел и Енка била дел од програмите на СДСМ, но она што е важно е дека тоа што вие го направивте,посебно во проектот за изградба на Коридор 8 и Коридор !0Д, беше понижување за министерот за транспорт и тогашниот премиер.Ги доведовте во подредена положба да им се смеат и мајтапат вашите коалициони партнери кои играа фудбалкчиња на начин на кој што овде во парламентот носевте закони кои немаа врска со европските закони. Ги злоупотребувате и европските вредности и македонскиот устав, истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека договорот со конзорциумот не може да се раскине затоа што би се платиле стотици милиони евра казнени пенали.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР

02/11/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА

02/11/2026
Македонија

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и

02/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ШИРИ ПАНИКА КАКО ВО ВРЕМЕТО НА КИРЕ НАУМОВ Писмата

02/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ ВО ЗДРАВСТВОТО Институциите ќе добијат

02/11/2026
Македонија

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И МИНИСТЕР САМКА ИБРАИМОВСКИ Децениска кариера посветена

02/11/2026
Македонија

НОВИТЕ ТЕРАПИИ ЗА ПАРКИНСОНОВА И ЗА АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ МОРА ДА

02/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46524
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од петок разведрување, за викендот

02/11/2026

Времето во вторник, 3 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА БАНКА Славески најави посебни шалтери

02/11/2026

Пензионерите и другите клиенти на Алта банка што немаат платежни картички ќе можат да подигнуваат по 20.000 денари со едно

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и побара „машки надзор“ врз жените

02/11/2026

Универзитетскиот професор и лидер на политичката партија Македонски концепт, Петар Богојески, изнесе контроверзни ставови за жените, брачните односи и семејното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy