Мицкоски: Фрапантни нови сознанија за Онкологија и аферата „Диво месо“ која се уште трае, мора да има одговорност за канцер мафијата
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција посочи нови сознанија за Онкологија и аферата „Диво месо“.
„Во Членот 10 од Уставот на Македонија, јасно и недвосмислено стои „животот на човекот е неприкосновен“. За жал во Македонија дури и во овој момент се случува грозоморен скандал каде и денес и сега се заработува на грбот од болните од канцер. Создадено е системско диво месо на криминал и корупција која ги има зафатено сите пори на општеството, а највеќе доаѓа до израз таму каде треба да се спасуваат животите.
Жално е што обвинителството не покрена ниту обвинителен акт и се се заврши со само формална предистрага. Доста со басните за некаква висока политика, во реалниот живот се губат животи поради корупција и криминал.
Преку свиркачи добивме огромна документација која многу внимателно ја анализираме и врз основа на која влечеме заклучоци откако претходно се консултираме со луѓе кои се стручни и луѓе кои имаат предзнаење и познавање за тоа кое што е содржано во таа документација.
Денеска ќе зборувам за три заклучоци коишто произлегоа од таа документација која ја добивме од свиркачи, но во периодот кој следи ќе има уште.
Како што кажав на самиот почеток од оваа денешна прес конференција животот на човекот е неприкосновен, без разлика колку и да има корумпирани луѓе, колку и да има луѓе чиј основен мотив е криминалот, животот на човекот е неприкосновен.
Ова што го држам во ракава е Извештај од ФЗО. Овој Извештај е практично извештај од извршена вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во УКРО Скопје, УКРО е Универзитетска клиника за радиологија и онкологија.
Периодот кој е опфатен во овој Извештај, внимавајте, е за МЗ две години, те. Опфатени се во овој вонреден контролен инспекциски надзор јавните набавки за периодот од 1 август 2021 година заклучно со 1 август 2023 година. Попрецизен да бидам, тоа е периодот после оној период за кој зборуваа од Владата дека е опфатен со предистрагата, односно дека до 2021 година се правело што се правело, а после тоа се било според правилата. Еве овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема. И исто така е опфатен периодот за јавните набавки само на УКРО за 4 месеци, и тоа декември 2022, јануари, февруари, март 2023 година.
Доколку внимателно го анализирате Извештајот Колку и да има луѓе чиј основен мотив е криминалот, животот на човекот е неприкосновен. Ова што го држам во ракава е Извештај од ФЗО. Овој Извештај е практично извештај од извршена вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во УКРО Скопје, УКРО е Универзитетска клиника за радиологија и онкологија. Периодот кој е опфатен во овој Извештај, внимавајте, е за МЗ две години, те. Опфатени се во овој вонреден контролен инспекциски надзор јавните набавки за периодот од 1 август 2021 година заклучно со 1 август 2023 година. Попрецизен да бидам, тоа е периодот после оној период за кој зборуваа од Владата дека е опфатен со предистрагата, односно дека до 2021 година се правело што се правело, а после тоа се било според правилата. Еве овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема. И исто така е опфатен периодот за јавните набавки само на УКРО за 4 месеци, и тоа декември 2022, јануари, февруари, март 2023 година.
Доколку внимателно го анализирате извештајот, ќе извлечете повеќе заклучоци, но два се фрапантни.
Првиот заклучок, од овој извештај кој што денеска ќе го прочитам пред македонската јавност е следен: Добавувачите согласно договорите, се должни да ги испорачаат лековите во рок од 5 дена или 10 дена, и ако доцнат со испораките и се создадени дефектури, за да биде појасно што е дефектура, тоа е период во кој пациентите не ја добиваат терапијата. Значи и покрај тоа што се создадени вакви дефектури, период во кој пациентите не ја добиваат терапијата, бидејќи добавувачите не ги почитуваат договорите, не е испратен ниту еден допис, од одговорните лица, ниту е преземено нешто да се надмине дефектурата, да се извести Бирото за јавни набавки, да се даде негативна референца на добавувачот или да се прекине договорот.
Во текот на оваа пресконференција ќе се надоврземе која е омилената веледрогерија на власта.
Ниту еден добавувач не е предупреден, ниту му е дадена негативна референца за не испорака, а не е ниту добиен одговор, било каков, објективен или субјективен, од дистрибутерите, зошто не се испорачува навремено робата според договорот. Свесно се крши договорот, не се испорачуваат лековите, пациентите остануваат без потребната терапија, и за тоа никој не сноси никакви последици! А ќе ве потсетам зборувавме за реверс, предвремено доставување на лекови, за оние на кои тие лекови им се потребни.
Вториот фрапантен заклучок. На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантските дневници медицинскиот персонал го запишува и остатокот од некои вијали, вијала е пакување, дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекот, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористи лекот од вијалата.
Преку пример, треба ад се аплицира лекот на пациент, вијалата е 100 единици, дозата која што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат некаква трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со години правено, бидејќи нема никаква контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани. Овој документ што го имам е извештај од специјалист, односно субспецијалист, каде што во наодот вели дека на барање на пациентот терапијата ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение. Со други зборови, доаѓа пациентот кој што треба да добие терапија, на клиниката во торбичка му ја даваат терапијата и потоа пациентот оди да ја аплицира таа терапија. Вистинското прашање е дали имаме повратен одгвоор каде е аплицирана таа терапија и дали навистина таа терапија е аплицирана?