
Мицкоски: ДУИ молчи, единствен кој го брани Мерко е Ковачевски, ние како идна Влада од корен ќе ја исчистиме оваа мафија
Единствен кој го брани Рамиз Мерко е Димитар Ковачевски. Ова денеска пред новинарите го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски запрашан за ставањето на градоналачникот на Струга на црната листа на САД.
„Дури и самата ДУИ молчи, единствен кој го брани е Димитар Ковачевски. Се додека оваа мафија не ја исчистиме од корен, на Македонија нема да и тргне напред и континуирано Македонија ќе ни се празни и ќе се иселува“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој е убеден дека идната Влада ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ и дека токму една од целите на Владата ќе биде борба со корупцијата.
„Се обврзување пред граѓаните дека оваа мафија во која што идеално работат криминалци и политичари ќе биде во корен исчистена“, додаде Мицкоски.
Тој се осврна и на работата на Судскиот совет, додавајќи дека во Македонија судии и обвинители се поставуваат по препорака од партиите.

