Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите
Економија

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

24/11/2024

AA

Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра- историски договор, со историски најниска каматна стапка, вели премиерот Христијан Мицкоски. Ова се однесува за парите од унгарскиот кредит. 

„Имаме потврда од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат позади овој проект, односно овие 250 милиони евра конечно од понеделник да бидат поделени до оние на кои им е потребно, односно македонското стопанство. Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите“, вели Мицкоски. 

Кажа дека ова е историски договор, со историски најниска каматна стапка. 

„Условите се минимум 20 отсто  да има сопствено учество, што значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Ќе имаат можност сите оние компании кои што ќе ги вложат овие средства во основни средства за работа, но и оние кои ќе вложат во обновливи извори на енергија, но и оние кои ќе вложат во објекти кои ќе ги користат како административни објекти, за сопствена потреба“, додаде Мицкоски.

Премиерот претходно најави дека ќе соопшти добра вест за македонското стопанство. Унгарскиот кредит треба да им помогне на македонските компании. 

фото принтскрин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен 27-годишен скопјанец: Сопругата го пријавила дека ја нападнал дома,

02/09/2026
Македонија

Арљинда Хасани Синани именувана за нова вицегувернерка на Народната банка

02/09/2026
Македонија

Македонската химна одекна во Таранто: Белистојаноски освои злато!

02/09/2026
Македонија

„Комити“ најавија бојкот на Вардар: Бараат оставка од управата предводена

02/09/2026
Македонија

Вештачење за „Пулс“: 13 години немало противпожарна инспекциска контрола во

02/09/2026
Македонија

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026
Македонија

Метеоаларм: Невреме со силен ветер и град ја зафаќа Македонија

02/09/2026
Македонија

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45399
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен 27-годишен скопјанец: Сопругата го пријавила дека ја нападнал дома, па ја однел во шума

02/09/2026

Полицијата привела 27-годишен скопјанец по пријава од неговата 21-годишна сопруга за физички напад, кој, според нејзиното сведоштво, продолжил и откако

Арљинда Хасани Синани именувана за нова вицегувернерка на Народната банка

02/09/2026

Со одлука на Собранието, Народната банка добива нова вицегувернерка. Арљинда Хасани Синани е именувана на функцијата на предлог на гувернерот

Македонската химна одекна во Таранто: Белистојаноски освои злато!

02/09/2026

Македонската химна одекна во Таранто! Каратистот Матеј Белистојаноски освои златен медал на 20. Медитерански игри и ѝ го донесе на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy