Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицевски: Погубната статистика и злоупотреба, доведоа ова Собрание да биде најнедемократското и најнетранспарентното во досегашната 30 годишна политичка историја и плурална демократија во државата
Македонија

Мицевски: Погубната статистика и злоупотреба, доведоа ова Собрание да биде најнедемократското и најнетранспарентното во досегашната 30 годишна политичка историја и плурална демократија во државата

26/01/2024

AA

Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција порача дека денес е голем ден.

Според него, има погубната статистика и злоупотреба на Собранието.

„Ден во кој што оваа власт, продолжува пополека но сигурно, дел по дел, функционер по функционер, да се руши како кула од карти. Процес кој што започна вчера со Ковачевски, продолжува денес, а ќе заврши на денот на изборите во мај.

Денешната седница е продолжение на неславниот крај на оваа власт која што во изминативе 7 години ја уништи државата, го урниса и ги приватизираше институциите, ги осиромаши граѓаните, ја клекна македонската економија на колена односно накратко кажано, создаде девастиран и нефункционален државен систем кој што секојдневно го гледаме дека пука по сите рабови и јасно ги покажува свои аномалии и недостатоци.

Зошто го велам и тврдам ова, ќе ми дозволите да Ви образложам во следниве неколку минути.

Ќе зборувам исклучиво со аргументи, факти и бројки кои се јасни како бел ден и нема бегање.

Имено, јас како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која впрочем е најголемата и најбројната пратеничка група овде во Собранието имам целосно право денес од оваа говорница, на денот кога се избира претседател на Собрание, пред целата македонска јавност да направам 4 годишна ретроспектива и да се обидам да ја претставам неработата и нефункционалноста на овој законодавен дом во изминатиов мандат.

Денес, после 4 години мандат на ова владејачко мнозинство, кое наместо како во секоја нормална држава и парламентарна демократија, да зборуваме за законодавен дом кој успешно ја вршел својата работа и контролна функција над извршната власт, наместо да зборуваме за безброј плодни и аргументирани дискусии и јавни дебати помеѓу пратеници и експертите, наместо да зборуваме за тоа кој колку добри законски решенија во корист на граѓаните успеал да донесе и изгласа, за жал ние денеска можеме само да зборуваме за законодавен дом кој што е непресушен извор самоволие и парламентарно насилие.

Ова повеќе не наликува на законодавен дом, туку на дом на меѓупартиски и меѓукоалициски пазари и договори на штета на граѓаните на дневно ниво.

Имено, слободно можам да кажам дека во овој мандат, кој што впрочем ги брои последните денови и месеци, видовме се’ и сешто, но не видовме едно европско Собрание кое што треба да биде цврст столб на една европска држава со европска демократија. Не видовме место каде што преку дебата и инклузивност на сите политички чинители и народни претставници во Собранието, ќе се носат решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните и општеството во кое што живееме.

Речиси секогаш, приоритет пред интересот на граѓаните, општеството и државата, имаа интересот на поединци и коалициските пазари помеѓу партиите на власт, кој што резултираа со носење на многу штетни одлуки во време кога државата и граѓаните се соочуваа со сериозни предизвици и кризи.

Токму затоа, со цел појасна слика и оценка на работата и состојбата во која се наоѓа нашиот законодавен дом, јас ова 4 годишно раководење со Собранието под водство на СДСМ и ДУИ, сликовито би го поделил во два дела.

Во првиот дел, како клучна и реална причина за ситуацијата во која што се наоѓаме, би ги ставил преседаните кои што се случуваа овде во Собранието.

И вториот дел, тоа е делот на погубната статистика и злоупотреба на Собранието, кои што доведоа и допринесоа токму ова Собрание да биде најнедемократското и најнетранспарентното Собрание во досегашната 30 годишна политичка историја и плурална демократија во државата.

Ќе започнам со преседаните кои што ова парламентарно мнозинство некогаш свесно, а многу ретко и несвесно, по инерција ги правеше на дневна основа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy