Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИ ГО УБИЈА ДЕТЕТО: Семејствата на загинатите во големата железничка несреќа во Грција бараат правда и одговори
Регион

МИ ГО УБИЈА ДЕТЕТО: Семејствата на загинатите во големата железничка несреќа во Грција бараат правда и одговори

12/12/2023

AA

Со куфери на кои беа поставени фотографии на загинатите, со свеќи и бели ружи, со солзи во очите, но и со низа прашања, роднините на жртвите во железничката несреќа кај месноста Темпи во Грција, вечерва одржаа мирен протест пред грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Несреќата се случи на 28 февруари годинава, животот го загубија 57 лица, од кои повеќето беа студенти, а семејствата, родните и блиските на загинатите , како што велат, бараат правда, одговори и да не се прикрие криминалот.  

Протестот помина во особено тешка и трогателна клима, родители говореа за нивните деца, кои животот го загубија патувајќи кон Солун, а беа прочитани и имињата на сите жртви.

– На 28 Февруари ми го убија детето, на 9 март го погребав она што остана, неколку изгорени коски од моето дете. Имаше само 20-години – рече мајката на 20-годишна студентка, една од 57-те  загинати.

Таткото на 18- годишната Анастасиа, исто така студентка,  на присутните им порача „ни ги убија децата“, барајќи одговори на низа прашања и истакнувајќи дека сега, за празниците, наместо божиќни песни ќе ги слушаат извиците за помош на жртвите.

– Вечерва сум со вас бидејќи ми ја убија ќерка ми. Имаше само 18 години. Се собравме денеска овде за да ви кажеме дека од 28 Февруари нашите семејства не се исти и никогаш нема да бидат исти, истакна таткото на загинатата студентка. 

Семејствата и роднините на жртвите од железничката несреќа меѓу другото бараат: целосно расчистување на криминалот; одговорност за сите инволвирани без разлика на колку високи позиција и да се наоѓаат; одговорност на политичарите; безбедност во транспортот, заснован на современите потреби, за да не се повтори злосторството на Темпи.

На протестот вечерва добија поддршка од студентските здруженија во Атина.

Фото: МИА 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42403
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од девер

12/04/2026

Два одделни случаи на семејно насилство се пријавени во СВР Велес, при што едно лице е приведено по напад врз

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во кафеана!

12/04/2026

На 11.04.2026 во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги приведоа В.М.(28), М.М.(42) и М.А.(34), сите од

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во Колешино

12/04/2026

На 11.04.2026 во Полициската станица Струмица од Општа болница Струмица е пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy