Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч
За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во централниот дел на државата.
Според прогнозите, на места долж Повардарието се очекува да дува повремено засилен ветер од југоисточен правец. Брзината на ветерот на овие локации ќе надминува 60 километри на час.
Се препорачува граѓаните да бидат претпазливи при движење на отворено, како и при паркирање на своите возила во близина на дрвја, градилишта или постари објекти поради можни оштетувања од силните налети на ветерот.