Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мециновиќ: Скопје мора да се ослободи од политичките пранги – да создадеме едно наше, ново Скопје кое ќе биде функционално
Македонија

Мециновиќ: Скопје мора да се ослободи од политичките пранги – да создадеме едно наше, ново Скопје кое ќе биде функционално

24/08/2025

AA

Во гостување на Сител телевизија, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека во изминатите 24 часа му се приклучуваат активисти кои се видни во своето поле на интерес во Град Скопје, експерти кои веќе го формираат нивниот тим кој ќе биде составен од луѓе кои работат во самите претпријатија, како и луѓе кои се експерти во својата фела:

„Над овие луѓе кои се креативниот потенцијал на Скопје само треба да се тргнат политичките пранги и политичкиот притисок, за да можат да дишат и да функционираат и да создаваат прилики кои можат, а тоа се приликите кои им се потребни на нашиот град“ – кажа Мециновиќ. 

Тој нагласи дека целта во наредните два месеци е создавање на движење кое ќе биде повеќе од еден човек и повеќе од една партија – движење на сите оние на кои им е доста да живеат во град заложник на интересите на малкумина.

Мециновиќ потсети на своето искуство како советник во Град Скопје:
„Во тие три години увидов дека единственото нешто што беше константа е приватниот интерес на раководствата на партиите кои го имаа менувано кормилото. Ако проблемите се решаваа уште од 2022 година, кога укажувавме на состојбата со јавниот превоз на пример, денес немаше да бидеме во оваа ситуација.“

„Нашата поента не е да се претставиме како сезнајковци, затоа што обично во Македонија политичарите се “перфектни“, тие имаат исполнето, не знам, мојот противкандидат имаше исполнето 170 проценти од неговата програма, зашто се „совршените луѓе“. Не, апсолутно не. Нашата поента е да пружиме платформа на јавен интерес, со која ќе може да се поистоветат сите граѓани со кои ги делиме истите проблеми во скопското секојдневие“ – изјави Мециновиќ. 

Според него, мора да престанат да се деградираат услуги кои ги дава Градот:
„Зошто да даваат концесии за паркинг на трговски центри, кога ние имаме свое претпријатие, Градски паркинг. Скопско претпријатие. На кого тоа Советот му дава конкуренција?! На претприетието кое го има основано?! Пред сѐ, треба да прекине да се раситнува капацитетот на град Скопје.“ – порача Мециновиќ.

Мециновиќ се наврати на личниот и генерацискиот однос кон Скопје:
„Кога растев, верувам дека тоа и многу Скопјани го делат, мислам дека има една фаза во тинејџерството кога се заљубуваме во градот, сметаме дека Скопје е најубавиот град на светот затоа што формираме некои клучни мемории,  убави моменти. Ама како поминуваат годините, потоа полека тој сјај во однос на сопствениот град како да ни се губи во очите и доаѓаме до момент каде што имаме презир кон сопствениот град. И јас мислам дека одговорот е очигледен: Луѓе, ова не треба и не мора да биде вака, затоа што ние можеме да излеземе секаде и да увидиме дека градовите се развиваат, тие ги окрупнуваат своите услуги, ги реобмислуваат своите модели на функционирање, а во Скопје само се деградираат работите. Така што, мислам дека со доза на љубовта која ја имаме кон она што Скопје било, но со уште повеќе ентузијазам и визија за тоа што сакаме Скопје да бидеме сега, треба да создадеме едно наше, ново Скопје кое ќе биде функционално“ – кажа кандидатот за градоначалник на главниот град.

Тој главно се осврна на градскиот превоз и меѓудругото посочи дека во 2025 година е недозволиво Скопје да има вакви проблеми со јавниот превоз:
„Постојат методи на јавен превоз кои се користат веќе 150-200 години во светот. Не сме на почетокот на 20 век, сега е 2025 година. Скопје може да си ги приушти и да ги направи тие клучни потези кои ќе ги зборуваме понатаму за алтернативен јавен превоз, но пред сѐ треба да се почне со набавка на нови автобуси и нов ГУП“ – истакна тој.

Во однос на неговите противкандидати, Мециновиќ изјави:
„Јас немам ништо против луѓето кои се мои противкандидати во оваа трка, но имам против платформата на која тие ќе настапат, а тоа е платформата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јас застапувам платформа која е спротивна на нивната… нивната платформа која сѐ повеќе граѓани не ја прифаќаат како платформа која може да ги претставува нивните интереси. Ние се поставуваме против сите погубни политики кои го имаат владеено овој град.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО НЕ Е ЗГОЛЕМЕНО ВО ОБЕМОТ, ТУКУ ВО БРУТАЛНОСТА

06/11/2026
Македонија

ЗА ДА ИМА АЛБАНЦИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА, ТРЕБА И ДА

06/11/2026
Македонија

ОБСЕ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО ОЛЕСНУВАЊЕ НА ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА

06/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЈА ПРЕПОЗНА РЕФОРМАТА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА Граѓаните треба да

06/11/2026
Македонија

НЕМА ПРОМЕНИ ВО СТАВОТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Само Македонија има

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАНИЦИ СЕ ПОД ЗГОЛЕМЕН ПРИТИСОК ОД МИГРАНТИ Тошковски побара

06/11/2026
Македонија

ДВАЈЦА ВО ПРИТВОР, ЕДЕН ВО КУЌЕН ОД КУМАНОВСКАТА ГРУПА Пет

06/11/2026
Македонија

СО ШИРЕЊЕТО ПАНИКА ЗА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ СЕ ЗАГРОЗУВА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46625
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО НЕ Е ЗГОЛЕМЕНО ВО ОБЕМОТ, ТУКУ ВО БРУТАЛНОСТА Министерката Јаневска изрази загриженост и

06/11/2026

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска изрази загриженост поради појавите на врсничко насилство и покрај агресивните кампањи и преземените

ЗА ДА ИМА АЛБАНЦИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА, ТРЕБА И ДА СЕ ПРИЈАВАТ Министерството за одбрана

06/11/2026

Популистички, паушални и со етнички предзнак се обвинувањата од партијата ДУИ и водат само кон меѓуетничка нетрпеливост, а не кон

ОБСЕ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО ОЛЕСНУВАЊЕ НА ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Претседавачот Ињацио Касис по средбата

06/11/2026

ОБСЕ може да помогне во процесот на евроиинтеграција на Македонија како и во олеснување на односите со соседните земји –

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy