
Меѓународната заедница загрижена за коалицијата ДУИ-Левица, Бајрам Реџепи ризикува црна листа?!
Меѓународната заедница со длабока загриженост ги следи најновите политички случувања во Северна Македонија, каде што се случуваат вонредни прегрупирања во пресрет на балотажата за локалните избори.
Според дипломатски извори, западните амбасади се загрижени за коалицијата на албанската опозиција со проруската партија Левица.
Во време кога Русија претставува сериозна закана за безбедноста на Европа, ваквите проруски коалиции се гледаат како опасни и спротивни на американските и европските интереси во регионот.
Најмногу изложен на можни санкции е Бајрам Реџепи, кој се гледа како носител на овие коалиции, по тајните средби со кандидатката на Левица што излегоа во јавност изминативе денови.
Се дознава дека дипломатите разгледуваат построги мерки против Бајрам Реџепи, вклучително и прогласување за „нон грата“, слично како што претходно беа прогласени Артан Груби и Рамиз Мерко.
Партијата Левица на Димитар Апасиев е позната како проруска, антиимериканска и антиевропска партија. Таа се залага за приближување со Русија и Кина и бара повлекување на Северна Македонија од НАТО.
Бајрам Реџепи бара спас кај Апасиев по поразот со разлика од 4 илјади гласови во првиот круг на локалните избори од актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами.
