Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меѓународен ден на чиста енергија – Божиновска со студентите: Младите се иднината на чистата енергија и иновациите
Економија

Меѓународен ден на чиста енергија – Божиновска со студентите: Младите се иднината на чистата енергија и иновациите

26/01/2025

AA

По повод Меѓународниот ден на чистата енергија, министерката за
енергетика Сања Божиновска оствари инспиративна средба со студентите на
Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Таа гостуваше во
„Лабораторијата на знаење“ – ФабЛаб, каде што младите работат на иновативни
проекти, создаваат прототипи и активно учествуваат во научноистражувачката
работа.

„Младите инженери и иноватори не само што се стекнуваат со знаење, туку
создаваат решенија кои ќе ја обликуваат иднината на чистата енергија и во
Македонија, но можеби и во светот. Иновациите во оваа област се важни за целиот
свет. Нивната креативност и посветеност се движечка сила за развојот на
енергетиката и технологијата.“ истакна министерката Божиновска.

За време на средбата, студентите ја запознаа министерката со своите
најнови проекти, меѓу кои и иновативни решенија за енергетска ефикасност,
користење на 3Д печатење за практични прототипи, како и иницијативи за поддршка
на лицата со попреченост. Од нивните идеи, како што посочија, утре може да
излезе практична иновација што ќе придонесе за поодржлива иднина.

Во знак на благодарност за нејзината континуирана поддршка, студентите ѝ
врачија статуетка што сами ја изработиле и испечатиле на 3Д принтер во
лабораторијата.

„Од овие млади луѓе учиме дека можностите се неограничени кога има
поддршка и инспирација. Наша должност е не само да ги едуцираме, туку и да ги
мотивираме. Македонија има талентирани млади, а наша задача е да создадеме
услови тие да се развиваат и да останат тука, носејќи иновации и напредок.“
додаде министерката.

Министерката ги охрабри студентите да продолжат со својот иновативен дух
и најави поддршка за проекти кои ќе придонесат за чиста енергија, енергетска
ефикасност и одржлив развој.

„Овие студенти се идните лидери на нашата енергетика, а нивните идеи ќе
бидат двигател на македонската енергетска транзиција.“ истакна таа.

Меѓународниот ден на чиста енергија, кој се одбележува на 26 јануари,
беше прогласен во 2023 година од Генералното собрание на ОН (резолуција
A/77/327) како повик за подигнување на свеста и мобилизирање на активности за
праведна и инклузивна транзиција кон чиста енергија, за доброто на луѓето и
планетата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy