Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити за шталата каде гореа батерии: Има важечка 10 годишна дозвола за работа
Македонија

Меџити за шталата каде гореа батерии: Има важечка 10 годишна дозвола за работа

14/09/2025

AA

Пожарот во Трубарево, кој од вчера ги вознемири жителите на скопската котлина, избувнал во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад, што покрена сериозна загриженост за можното испуштање на токсични материи во воздухот. Оваа информација утрово околу 02 часот од лице место ја потврди првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.

„Дојдов во Трубарево и од терен со свои очи го видов ужасот што го предизвика овој сериозен инцидент“, изјави Меџити, кој беше во увид на опожарената локација.

Тој ги увери граѓаните дека ситуацијата е ставена под контрола благодарение на навремената интервенција на сите надлежни служби. Како клучен чекор, министерот најави дека веќе се вршат мерења на квалитетот на воздухот.

„Од 14:00 часот, инспекторите се на терен и вршат мерења. Првите резултати од Државниот инспекторат и од специјализираните лаборатории се очекуваат многу наскоро и ќе бидат јавно достапни веднаш по нивната обработка“, рече Меџити.

Додека се чекаат резултатите, министерот апелираше до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции за заштита на здравјето. Тој исто така информираше дека компанијата во чиј објект избувна пожарот поседува важечка десетгодишна дозвола за работа, издадена во 2021 година.

„Во тесна соработка сме со сите институции за што побрзо и поефикасно надминување на оваа несреќа“, заклучи Меџити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy