Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Oвозможуваме ран скрининг кај трудниците што значи и намалување на смртноста на новороденчињата
Македонија

Меџити: Oвозможуваме ран скрининг кај трудниците што значи и намалување на смртноста на новороденчињата

14/09/2023

AA

Промоцијата на новиот оддел на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство опремен со современи апарати за дијагностика и фетална терапија кои ќе овозможат ран скрининг кај трудниците, беше повод денес министерот за здравство д-р Фатмир Меџити да ја посети оваа јавна здравствена установа.
На настанот присуствуваше и грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду, со чија поддршка беше набавена опремата која ќе значи и редуцирање и намалување на перинаталниот морталитет и морбидитет.

„Апаратите овозможуваат следење на плодот во текот на неговиот развој како и детекција на сите можни показатели кои може да доведат до несакани последици. Ова е пионерски чекор во нашето здравство, за што од голема важност е поддршката и соработката од нашите грчки пријатели, Министерството за надворешни работи на Грција, како и Фондацијата за фетална медицина, со чија помош ја реализираме Програмата за фетална медицина. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на амбасадорката на Грција и на грчкиот народ за подадената рака во усовршување на нашиот здравствен систем.“- истакна Меџити.

Меџити објасни дека сите наши граѓанки, ќе можат бесплатно да ги користат придобивките во рамките на оваа Програма и најави дека дополнително преку Програмата ќе се основаат и стручни усовршувања, односно ќе се отворат магистерски студии во областа на феталната медицина, што ќе се реализираат во соработка со Медицинскиот факултет во рамките на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Асоцијацијата за фетална медицина во Северна Македонија.

„Нашите кадри ќе бидат обучувани од врвни експерти коишто ќе ги обезбеди Фондацијата за фетална медицина. Фондацијата ќе ја обезбеди и неопходната опрема за реализирање на целата програма, што вклучува и два апарати за ултразвук, кревети, компјутери, софтвер, и се што е потребно за опремување на Одделот за фетална медицина.“- нагласи Меџити.

Министерот за здравство Меџити истакна дека токму поради развитокот на феталната медицина на оваа клиника имаме значителен пад на бројот на мртвородени, посочувајќи дека во иднина со помошта на овој центар уште поубедливо овој тренд ќе продолжи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
Македонија

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е

18/02/2026
Македонија

ГОЦЕ НАУМОВСКИ Е НОВ УСТАВЕН СУДИЈА Одлуката за новиот член

18/02/2026
Македонија

Николоски: Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме

18/02/2026
Македонија

Паднати дрвја и навалени бандери низ Гази Баба: Се санирааш

18/02/2026
Македонија

Роботи, одела, детектори, камери, рендген апарати: САД донираше опрема од

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41634
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една лента

18/02/2026

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес поточно 2 км. пред наплатната станица Сопот од 21.00 часот се одвива

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на ВЛЕН

18/02/2026

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВЛЕН, во настап на ТВ21, зборуваше за спојувањето на ВЛЕН во партија и

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат Скопје – Велес!

18/02/2026

АМСМ информира дека сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес поточно 2 км. пред Н.С, Сопот од 21.00 ч

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy