Меџити нема да поднесе оставка, ветува дека после мај повторно ќе биде министер!
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска во изјава за медиумите истакна дека тој е се уште министер и нема да си поднесе оставка.
„Сум работел чесно и нема зошто да давам отказ. Дали ќе бидам и понатаму ќе одлучат пратениците и Собранието, но ви ветувам после мај пак ќе бидам министер“, вели Меџити.
Ова следува откако неговата партија Алијанса за Албанците истакна дека ќе поднесе предлог до премиерот Талат Џафери за разрешување на Меџити и министерот во МИОА, Азир Алиу.