Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити не добил покана за митингот на ДУИ во Чаир – му наликувал повеќе на концерт
Македонија

Меџити не добил покана за митингот на ДУИ во Чаир – му наликувал повеќе на концерт

20/03/2023

AA

Изет Меџити кој ја претставува таканаречената „огнена група“ на ДУИ, денеска изјави дека тој како претседател на чаирскиот огранок на партијата не е поканет на вечерашниот митинг во салата „Шабан Трстена“.

Меџити, кој заедно со градоначалниците на Чаир и Град Скопје, Висар Ганиу и Данела Арсовска, присуствуваше на официјалното започнување на изградбата на Мега паркот, рече дека вечерашниот митинг на ДУИ му наликува повеќе на концерт имајќи предвид, како што наведе, „се носат звучни имиња од естрадата“.

– Ќе носат луѓе од Струга, Куманово, Липково,прават многу притисоци со списоци во администрацијата, со закани дека ќе им сменат работни места. Жално е да се види дека ДУИ сето ова месец дена да го подготвуваат да направат реприза на тоа што ние го направивме со граѓани во Чаир. Мислам дека ова ќе биде порака до Ахмети, добро ќе беше да ги оставеше сам Артан и Бујар да видат која им е тежината во Чаир во нивната општина. Но ова е ситуацијата. Денеска слушнав дека и Ковачевски се занимава со митингот во Чаир, значи цела Влада, изјави Меџити.

Прашан дали ќе соработува со новоназначениот партиски координатор на Чаир, Бујар Османи, Меџити категорично одговори дека нема да соработува.

– Прво, човекот со што прво да се занимава – дали со ОБСЕ, дали со билатералните односи со Бугарија, со надворешни работи, портпарол на партијата, доктор, значи човекот е изгубен, не знае кај попрво и ова последново координатор со митинзи. Мислам дека државата има други приоритети, рече Меџити.

Како коментар на последните анкети каде тој предничи пред Артан Груби, Меџити рече дека очекува и други партиски членови и симпатизери кои сега се плашат, да се приклучат на „огнената група“, бидејќи, како што навде, тие го слушаат гласот на народот и на гласачите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45038
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy