Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Инвестираме таму каде што со години се чекало!
Македонија

Меџити: Инвестираме таму каде што со години се чекало!

28/07/2025

AA

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска го посети Арачиново по повод финализирањето на проектот за „Регулација на дел од ободен канал во Арачиново“. Проектот е целосно финансиран од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 63,9 милиони денари.

Со оваа стратешка интервенција се подобрува одводот на атмосферски води за над 12.600 жители, се зголемува безбедноста на населените места и ги штити земјоделските површини од поплавување – не само во Арачиново, туку и во соседните општини.

„Дојдов тука не само да го означам завршувањето на еден проект, туку да потврдам дека Арачиново останува во фокусот на нашите политики. Ќе продолжиме со уште повеќе инвестиции што значат подобри услови за живот за сите жители на оваа општина која со години чекаше вакви капитални проекти“, изјави министерот Меџити.

Регулираниот дел на ободниот канал, во должина од 295 метри, ја враќа неговата природна функција. Каналот, кој досега беше обраснат со вегетација и затнат со отпад, доби нова пропусна моќ со што се минимизираше опасноста од сезонски поплави.

Покрај овој проект, Министерството за животна средина и просторно планирање само во изминатите месеци инвестираше уште дополнителни 93 милиони денари во речиси 20-тина проекти за водоснабдување, канализација и заштита од поплави во Арачиново, вклучувајќи и изградба на атмосферска и фекална канализација во повеќе краци од селото, регулација на речното корито во Мојанци, Грушино и Орланце, како и пешачки патеки, тротоари и уредување на јавен простор.

„Исто така тука се реализираат и значајни инфраструктурни зафати преку Министерството за транспорт и врски,  само во текот на последниот период, реконструирани се локални улици и патишта во вредност од над 53 милиони денари со што се потврдува посветеноста на Владата кон Арачиново” – потенцираше Меџити, и заклучи: „Ние како Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжиме да вложува таму каде што е најпотребно – за секоја општина да биде место со квалитетни услови за достоинствен живот. Развојот не смее да познава географски разлики – секој граѓанин заслужува поддршка, инвестиции и чиста животна средина.”

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy