Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Масовни руски напади со дронови врз Украина – експлозии во Киев, погодени објекти
Македонија

Масовни руски напади со дронови врз Украина – експлозии во Киев, погодени објекти

08/12/2025

AA

Руски сили ноќеска изведоа голем воздушен напад врз енергетската инфраструктура во централните и северните делови на Украина. Во нападите изведени со дронови и ракети беа погодени градот Кременчук, како и Черниговската и Киевската област, при што загина најмалку еден цивил, а повеќе лица се повредени, соопштија локални власти, јавува The Kyiv Independent.

Напад врз енергетиката во Кременчук

Експлозии во Кременчук, Полтавска област, одекнаа околу 1:30 часот наутро, а украинското воено воздухопловство предупреди за приближување на проектилите Кинжал и десетици дронови. Градоначалникот Виталиј Малечки потврди прекини во снабдувањето со електрична енергија, вода и греење во делови од градот и додаде дека екипи на терен работат на санирање на штетата.

Според гувернерот Владимир Кохут, погодени се повеќе енергетски објекти во округот Кременчук. Директните удари и остатоците од паднатите дронови предизвикаа пожари и оштетија техничка опрема, но нема пријавени жртви во овие напади.

Разурнувања во Черниговската област

Руски дронови го нападнаа и Чернигов, вклучувајќи критична инфраструктура и енергетски објекти, изјави гувернерот Вјачеслав Чаус. Во нападот со дронови „Геран“ во населеното место Новгород-Сиверски загина 50-годишен маж во својот дом, а еден полицаец беше повреден. Погодени се полициска станица, медицинска школа и неколку куќи.

Во самиот град Чернигов, цел на нападот беше термоелектрана, а остатоците од урнатите дронови беа пронајдени на градското подрачје, потврди Дмитро Брижински, началник на регионалната воена управа. Поради нападот, повеќе населени места останаа без струја, но снабдувањето беше повторно воспоставено до утринските часови.

Експлозии во близина на Киев

Експлозии беа забележани и во градот Фастив во Киевската област, но засега нема извештаи за штети. Фастив неодамна беше мета на руски напади на 5 декември, во рамки на масовниот удар врз украинската енергетска мрежа. Во тој напад беше погодена и главната железничка станица, што претседателот Володимир Зеленски го опиша како „воено бесмислен напад“.

Руски сили во последните месеци редовно изведуваат напади врз украински градови, додека САД и меѓународната заедница се обидуваат преку преговори да најдат решение за завршување на војната во Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45388
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026

Австралија ги предупредува своите граѓани кои планираат патување во Македонија да преземат дополнителни мерки за заштита од комарци поради регистрираните

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското Езеро

02/09/2026

На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026

Меѓуградскиот автобуски превоз во Македонија повторно поскапува, што дополнително ќе го оптовари буџетот на граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу градовите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy