
Масакр во Харков: Телефоните на убиените во нападот ѕвонеа непрекинато, таткото шокирано гледаше во телото на својот син (10) во урнатините
Претставничката на Украина за регионот Харков, Марија Мезенцева, изјави за Sky News дека бројот на загинатите во нападот на кафуле во селото Хроза се искачи на 55.
„За жал, ова е тероризам со кој се соочуваме секој ден во различни региони на Украина“, рече таа, а пренесува Јутарњи лист.
„Досега се идентификувани повеќе од 30 лица, а 55 од нив се убиени, меѓу кои и шестгодишно момче, додека едно новороденче е повредено“, додаде таа.
Оваа област беше нападната и во текот на ноќта со ракетен напад во кој загина десетгодишно момче, а беа ранети 23 лица.
„Вчера страшно попладне и денес страшно утро. Толку е нехумано… тоа е место каде живеат цивили“, рече Мезенчева.
Непрекинато ѕвонеа телефоните на убиените
По нападот на Хроза, телефоните на жртвите се уште ѕвонеа, објави на платформата „Х“ украинскиот функционер Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи.
„Замислете како личноста од другата страна се обидува да открие дали нивните најблиски се безбедни“, напиша тој.
Татко го видел телото на својот убиен син (10)
Во нападот на вториот по големина украински град Харков, загинаа две лица, 10-годишно момче и неговата баба, соопштија претходно украинските власти.