Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Марш за ангелите“ по деветти пат во Кочани – родителите ќе бараат ОЈО Кочани целосно да ги запознае со исходот од истражната постапка!
Македонија

„Марш за ангелите“ по деветти пат во Кочани – родителите ќе бараат ОЈО Кочани целосно да ги запознае со исходот од истражната постапка!

14/06/2025

AA

Денеска во Кочани се одржи деветтото издание на „Маршот за ангелите“, тивок протест организиран од семејствата на жртвите од трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“.

Овојпат, маршот започна точно во 18:05 часот – време кое, според организаторите, симболично ја означува доцната реакција на институциите во моментите кога трагедијата можела да биде спречена.

На родителите им се приклучи и в.д градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.

Една од мајките излезе пред медиумите и истакна дека ништо од Обвинителство не им е јасно, како и дека ќе поднесат барање.

„Ние тука родителите не сме правници, соопштението од јавниот обвинител ни беше дадено по членови, закони, кој што постапил, кој не постапил од Закон за градежни работи, од Кривичниот законик и реално ништо не сфативме. Како најпогодени од трагичниот настан во Кочани, ние родителите и семејствата на починатите деца чувствуваме морална и човечка одговорност да се огласиме, сметаме дека е од суштинско значење ОЈО Кочани конечно и целосно да не запознае со исходот од истражната постапка, како и со содржината на поднесениот обвинителен акт. Кој физички и правни лица се опфатени, против кого се води постапка, а кој лица се изземени од одговорност за да можеме да ги отстраниме сите дилеми кои се јавуваат кај нас во врска со постапката“, вели Марија Петрушевска.

Друга мајка пак побара помош и мониторинг од Коалицијата „Сите за правично судење“, како и од Европската Унија.

Маршот започна од Паркот на револуцијата, продолжи низ трговскиот центар, па помина пред Општина Кочани, а потоа и пред Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Обвинителство: Мајката со детето биле сами во станот заклучени од

03/03/2026
Македонија

Едно лице задржано во полициска станица по трагичниот настан во

03/03/2026
Македонија

СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРИНАВА ВО ТЕТОВО Потреси и во Хрватска и

03/03/2026
Македонија

Уапсен турски државјанин на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, превезувал

03/03/2026
Македонија

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се

03/03/2026
Македонија

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА

03/03/2026
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42159
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Обвинителство: Мајката со детето биле сами во станот заклучени од внатрешна страна, денеска ќе се

03/03/2026

Основно јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во скопската населба

Едно лице задржано во полициска станица по трагичниот настан во Карпош

03/03/2026

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога

СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРИНАВА ВО ТЕТОВО Потреси и во Хрватска и во Иран

03/03/2026

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во Тетово и во околината, информира Европскиот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy