Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Марко Кизиќ е херој на Пелистер, го спаси од пораз од Агуаш Санташ!
Спорт

Марко Кизиќ е херој на Пелистер, го спаси од пораз од Агуаш Санташ!

14/02/2023

AA

Пелистер беше очи в очи со нов пораз во Европската лига на ЕХФ, можеби најболниот, од екипата која требаше да биде аутсајдер во групата Д, Агуаш Санташ, меѓутоа голманот Марко Кизиќ се испречи на патот кон пропаста со одбрана во последните секунди од мечот.

Младиот голман го спаси Пелистер од пораз и го сочува ремито 27-27 како конечен резултат на мечот со Агуаш Санташ во Битола. Уште поважно, донесе бод со кој македонскиот вицепрвак пружи нога кон осминафиналниот вагон во ова натпреварување.

Изедначениот натпревар со неколку резултатски бранувања се сведе на напад на „пелистерци“во 60. минута, со можност да поведе, но не се снајдоа пред растрчаните Португалци, па останаа 30 секунди за гостите. Овие ја доведоа акцијата до шуто во последната секунда, за Марко Кизиќ да се истакне и да го сочува образот на Пелистер.

Тоа беше осма интервенција за Кизиќ, кој е главнот фактор не само во последната акција туку и во цело второ полувреме, што Пелистер држеше резултатски приклучок. И покрај водството во првото полувреме, со максимални три разлика (10-7 во 15. минута), второто почна само со 14-13 за македонскиот претставник, а наскоро и тоа водство го снема.

Кризата во нападот дојде до израз некаде по 45. минута, кога Пелистер чекаше на гол, речиси, цели пет минути. Во тој период Агуаш Санаш направи серија од 3-0 и го сврте резултатот со 21-20 во своја корист. Дојде до максимални 25-22 во 53. минута, а во меѓувреме Кизиќ одбрани неколку зицери. Сепак и на спротивната страна Магаљаеш блескаше, поткрепен од активна, многу агресивна одбрана на Агуаш Санташ. Таа конечно потклекна кога Пелистер ја возврати серијата од три гола и изедначи на 25-25, а потоа следуваше драматичниот финиш.

Со ова реми, Пелистер дојде на шест бода во групата Д, на четвратта позиција, два повеќе од петтопласираниот вечерашен противник. Последен е Мотор со три бода, па за битолчани да го сочуваат четвртото место, кое носи во осминафиналето, ќе треба да победат на еден од преостанатите два меча, идната недела на гости кај Фуксе Берлин или, поверојатно, за две недели, дома со Мотор. Вечерва, покрај Кизиќ се истакна и капитенот Мирко Радовиќ, со пет гола, а прв стрелец беше Да Силва Оливеира кај Агуаш Санташ , со седум.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy