Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ од Брисел: Очигледна е европската перспектива на регионот, да го продолжиме процесот заедно со земјите кои преговараат со ЕУ
Македонија

Маричиќ од Брисел: Очигледна е европската перспектива на регионот, да го продолжиме процесот заедно со земјите кои преговараат со ЕУ

29/04/2023

AA

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел оствари средба со Сајмон Мордју, советникот за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на која разговараа за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, во услови на новата геополитичка реалност.

– Имаме иста желба и цел, наскоро Северна Македонија да ја видиме во рамките на ЕУ. Вратата на ЕУ е отворена, задачите кои ги имаме мора да ги исполниме и да продолжиме со земјите кои преговаат со ЕУ на патот кон членство во Унијата, рече Маричиќ.

Соговорниците се согласија дека оваа година Северна Македонија треба успешно да заврши дел од обврските кон ЕУ и да го отвори првиот кластер „Фундаментални вредности“.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ на состанокот посочи дека македонската Влада е свесна за предизвиците и дека е подготвена да работи на нивно надминување и на европските реформи.

Мордју посочи дека постои позитивно расположение кај Европската Унија за проширување и дека тоа е шанса за регионот и Северна Македонија сега да ја обезбеди очигледната европска перспектива, за што потребни се брзи резултати, а не само декларативна посветеност на европската интеграција.

Маричиќ и Мордју изразија верување дека ќе се задржи динамиката на процесот на преговори со ЕУ и ќе добие континуитет, поради што вицепремиерот смета дека „на овој процес треба да гледаме како на одлична можност побрзо да ги совладаме европските правила кои ќе нè направат членка на ЕУ“.

Во рамки на својата работна посета во Брисел вицепремиерот Маричиќ и македонската делегација се сретна и со вршителката на должност директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Микела Матуела, со која одржаа координативен состанок во врска со текот на преговарачкиот процес и идните чекори кои треба да се направат до завршувањето на скрининг процесот.

Маричиќ истакна дека ја цениме поддршката од европските институции во процесот на преговори и дека силен фокус е ставен на следен напредок кон ЕУ, со верување дека како што вели тој „ќе успееме оваа година да отвориме важни политички поглавја“.

На средбата беше разговаравме и за сеопфатните актуелни реформи што ги спроведува Северна Македонија во областите како што се владеењето на правото, демократските институции и реформата на јавната администрација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy