
Манчестер пуштил трета понуда за Маунт: Повеќе пари и поповолни услови!
Новинарот Дејвид Орстајн информира дека Манчестер ја кренал понудата за пет милиони фунти, од 45 на 50, со тоа што остануваат дополнителните пет во облик на бонуси. Ова е реакција на одговорот на Челси на втората понуда, дека ќе бил задоволен со 60 + 7 милиони фунти.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо ја соопшти истата информација, додавајќи дека во новиов, трет предлог на Челси имало и променети детали во динамиката на плаќање, која би требало да му одговара на лондонскиот клуб.
Исто така, Романо потенцира дека офанзивниот фудбалер за врска јасно ставил до знаење дека не сака обновување на договорот со Челси, туку премин во Манчестер јунајтед.

