
Мамардашвили одбрани пенал и прими три гола, уште еден пораз за Валенсија во Ла Лига (ВИДЕО)
Не започна лошо натпреварот за Валенсија, Лопез ги доведе во водство во 14 минута, но радоста кратко траеше бидејќи Мингуеза веќе во 23. минута погоди за изедначување.
Само пет минути подоцна Аспас стрелаше и за целосен пресврт. Во завршницата од првиот дел Селта можеше да дојде и до трет гол, но Мамардашвили го одбрани ударот од 11 метри на Аспас.
Конечните 3:1 ги постави Белтран во 60. минута. Македонскиот голман Столе Димитриевски и овој натпревар го помина на клупата за резерви.