Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!
На 12.04.2026 во 20:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во Медицинскиот центар- Гостивар бил донесен малолетник од с. Балиндол со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, околу 16:00 часот во близина на училиштето во селото, малолетникот бил удрен од возило кое го напуштило местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.