Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во полиција!
На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026 околу 22:20 часот пред игротека во Шуто Оризари, скопско, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од Шуто Оризари.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.