
Малку познат Чех е хит во Индијан Велс – по Рубљов елиминира уште еден фаворит!
Ова е втор сензационален триумф за тенисерот кој не е ниту меѓу најдобрите 30 во светот, со оглед што во претходната рунда беше подобар од петиот светски рекет, Андреј Рубљов. Чехот во првиот сет ја искористи петтата брејк топка во третиот гем, а потоа во петтиот гем направи уште еден брејк и лесно дојде до првиот сет за само 32 минути. Брејк направи во третиот гем и во вториот сет и стекна предност која ја одржа до крајот на мечот и се пласираше меѓу осумте најдобри.
Во следната рунда го чека подобриот од мечот помеѓу Бен Шелтон и Јаник Синер.
