Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Макпетрол“ излезе појак од кризата! Добивката е 21 милиони евра, колку ќе добијат акционерите?
Економија

„Макпетрол“ излезе појак од кризата! Добивката е 21 милиони евра, колку ќе добијат акционерите?

02/03/2023

AA

Очекувањата на акционерите од кои најголем број се вработени или пензионери на „Макпетрол“ се дека добивката е увертира за пристојан дивиденда. За тоа каква компанија е „Макпетрол“ доволно говори фактот што континуирано дели дивиденда на своите акционери, а лани подели рекорден износ од 6,6 милиони евра.

Најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати има одлични резултати во кризна и неизвесна година. „Макпетрол“ во услови на голема неизвесност на глобалниот пазар на нафта и деривати и силни дисторзии на домашниот пазар на природен гас успеа да ја одржи и подобри својата пазарна позиција. Добивката е речиси 21 милиони евра и тоа е одлична вест за бројните домашни акционери во таа компанија.

Финансиските резултати на „Макпетрол“ покажуваат дека лани приходите од продажба надминале 604 милиони евра што е за 74 отсто поголем резултат од претходната 2021 година. Најголем придонес за растот на приходите всушност има зголемената цена при набавката на нафтените деривати кои компанијата ги продава на своите над 150 бензински пумпи ширум земјава. А тоа се гледа од најголемата расходна ставка – набавната вредност на трговските стоки за кои „Макпетрол“ лани платил повеќе од 537 милиони евра. Тоа е зголемување за 80 отсто во споредба со 2021 година. И во најголем дел трошокот е за набавка е за нафтени деривати. Всушност овој трошок е директна последица на глобалниот раст на берзанските цени на дериватите од нафта.

„Макпетрол“ останува доминантен продавач на македонскиот пазар за нафтени деривати.Најголем дел од приходите од домашниот пазар вредни над 570 милиони евра се од продажба на бензини, дизел горива, мазут и нафта за домаќинство.

Од извоз „Макпетрол“ лани инкасирал над 33 милиони евра што е речиси три пати подобро од претходната година.

Вредно за истакнување, од аспект на грижата за своите вработени, е тоа што „Макпетрол“ лани за сите свои вработени издвоил над 23 милиони евра односно речиси 3 милиони евра повеќе од 2021 година. Со оглед на галопирачката инфлација во земјава која негативно се одразува врз целото општество, зголемувањето на трошоците за своите вработени за 14 отсто, објективно, е потег за истакнување и за поздравување.

Оперативната добивка на компанијата лани надминува 21 милиони евра. И тоа е одличен резултат иако споредбата со 2021 година покажува намалување од 10 отсто. Веројатно оперативниот резултат лани иако помал, всушност е подобар од 2021 година во која „Макпетрол“ во останатите приходи од дејноста книжеше прилив од продажба на своите акции во „ГА-МА“ и тоа влијаеше врз целиот биланс на успех. А лани немаше останати оперативни приходи во толкав обем.

Многу вредно за истакнување е и тоа што компанијата лани успеала да ги намали за 35 отсто финансиските расходи по основ на камати и курсни разлики. Лани тие изнесуваат околу 350.000 евра, а претходната година надминувале 530.000 евра.

Од податоците во билансот на состојба вреди да се истакне тоа што вредноста на вкупните средства лани е зголемена за 17 милиони евра и нивниот износ на крај на мината година надмина 148 милиони евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45040
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши своето учество на маратонската трка во рамки на Европското првенство во Бирмингем, освојувајќи го

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред исчезнувањето повеќепати баравме помош

16/08/2026

Внукот на исчезнатиот Љупчо, Дарко, со јавна реакција побара одговорност од институциите, тврдејќи дека семејството уште пред неговото исчезнување повеќепати

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy