Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски Телеком започнува осмомартовска иницијатива за поддршка на жените – жртви на семејно насилство
Македонија

Македонски Телеком започнува осмомартовска иницијатива за поддршка на жените – жртви на семејно насилство

07/03/2025

AA

По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, Македонски Телеком започнува иницијатива за поддршка на жените – жртви на семејно насилство. Целта е да се подигне јавната свест за оваа негативна појава којашто секојдневно е во подем и да им се пружи поддршка на овие жени коишто живеат на маргините преку заедничка донаторска акција. Во акцијата ќе учествуваат  корисниците на Телеком, преку донација на срца во Magenta Moments, коишто Телеком ќе ги претвори во финансиска донација, но и сите граѓани со донација на платформата Оп-оп и бројот за донации 143 333. Акцијата симболично започнува на Меѓународниот ден на жената, а донациите ќе бидат активни цел месец.

Семејното насилство, особено врз жените, е сѐ почеста појава. Последните истражувања покажуваат дека 1 од 3 жени во Македонија е жртва на семејно насилство. Преку заедничката донаторска акција, сакаме да ја потенцираме колективната одговорност, да го осудиме насилството и да ги поддржиме жртвите.

Донација на срца преку Magenta Moments

Во оваа хуманитарна акција сите корисници на Телеком можат да донираат срца во Magenta Moments, преку апликацијата TelekomMK. На крајот од месецот, Телеком ќе ги претвори донираните срца во финансиска донација за Кризниот центар „Надеж“, којшто повеќе од 23 години работи на поддршка на жените – жртви на семејно насилство.

Донации на 143 333 и платформата за донирање Оп–оп

Дополнително, сите граѓани ќе можат да донираат за истата цел преку платформата за групно донирање Оп-оп на Конект, граѓанска организација што го поттикнува донирањето и општествената одговорност. Платформата е поддржана од Фондацијата Телеком за Македонија и овозможува сигурно и едноставно донирање за повеќе цели и организации.  Дополнително, граѓаните можат да донираат 100 денари со секој телефонски повик и на бројот 143 333, којшто Конект овој месец ќе го намени за истата донација.

Повеќе за Кризен центар „Надеж“:

Кризен центар Надеж е организација којашто 23 години работи на поддршка на жените – жртви на семејно насилство. Во склоп на организацијата работи шелтер центар лоциран во Скопје и психолошко советувалиште. На жртвите им е овозможена поддршка преку СОС линија, психо-социјална поддршка, помош при процесот на пријавување на насилството и сигурно засолниште за  отпочнување нов живот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46420
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат до 19 степени

28/10/2026

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy