Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски концепт: Подаваме рака за соработка на сите партии, движења и поединци, кои не даваат поддршка на т.н. француски предлог
Македонија

Македонски концепт: Подаваме рака за соработка на сите партии, движења и поединци, кои не даваат поддршка на т.н. француски предлог

17/01/2024

AA

Имаме искрени намери кон македонскиот народ и сакаме да покажеме јасни цели кон иднината, велат од политичката партија Македонски концепт. Од таму подаваат рака за соработка на сите политички партии, движења и поединци, кои не даваат поддршка на т.н. француски предлог.

„Математиката е немилосрдна во услови на Донтов модел и 6 изборни единици. Нашата партија Македонски Концепт брои нешто над 5500 членови, со што нашиот очекуван резулат на избори би изнесувал околу 20.000 гласови. Но, поради Донтовиот модел, може да се случи да имаме еден или ниту еден мандат, зависно од распоредот на тие гласови. Левица цениме дека би освоила околу 70.000 гласови, но може тоа да бидат само 4 мандати. Максим Димитриевски може да освои 30.000 гласови, а само еден или ниту еден пратеник. Тоа значи дека ќе пропаднат или народски кажано – фрлени во отпад, од 60.000 до 80.000 опозициски гласови, само од овие три партии. Тоа се 10 опозициски пратеници плус, кои ќе ги оставиме на тие од власта! Ако на нив ги додадеме останатите помали партии и организации и невалоризирани гласови на ВМРО ДПМНЕ, како водечка опозициска партија и нивната коалиција, потенцијалните загуби на вкупната опозиција се огромни. Крајниот резултат на оваа математика е страшен“, велат од партијата.

Пповикуваат, опозицијата да се обедини „и сите заедно, сполотени околу државноста, да добиеме доверба од граѓаните за над 61 пратеник. Во спротивно, ако на гласачкото ливче настапиме секој со свое бројче, сите заедно ќе имаме околу 51 до 53 пратеници, а тоа значи “газда Али” ќе продолжува да не владее под етнички и криминален апархејд, како до сега!“

„Ние повикуваме на формирање широка опозициска платформа “Обединета Опозиција”, од уникатен карактер, во која сите учесници ќе си останеме засебни, автентични, со свои кампањи, свои изборни програми, а на изборите ќе настапиме со еден број на изборачкото ливче. Така, Македонски Концепт наместо еден или ниту еден ќе има 2 мандати, Левица наместо 4, ќе добие 6 мандати, Димитриевски наместо еден или ниту еден, ќе има 3 пратеници. ВМРО ДПМНЕ нема да изгуби огромен број на гласови низ донтовата распределба, па ќе добие дополнителни 4 мандати. Исто и останатите партии од оваа опозициска платформа ќе освојат по еден мандат. Сите здружени, најмалку 61 пратеник, односно целта е исполнета, ги испраќаме овој апартхејд и незаконие во историјата!“, велат од Македонски концепт.

„Затоа, искрено и доблесно подаваме рака и согласно одлуката донесена од НС на МК, најпрво Левица и Масим Димитриевски ги повикуваме да се изјаснат и застанат зад оваа платформа. Наслонувајки се на барем малку чесниот однос кон македонскиот народ, кој го ветуваат према истиот, очекуваме брзо да се произнесат и ќе можеме да ја прошириме платформата со останати опозициски партии, кои не даваат поддршка на францускиот предлог. Ако ја одбијат подадената рака, тоа ќе ги етаблира како измеќари на “газда Аљи“ и со тоа би докажале дека работат против интересите на македонскот народ. Ги повикуваме, и очекуваме граѓаните да го следат овој процес, овој апел, и да судат по делата, а не по зборови и глума“, додаваат од Македонски концепт.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy