Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MASWA) ги собира светските експерти за управување со отпад и кружна економија на конференција во Скопје на 29 ти и 30 ти мај
Македонија

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MASWA) ги собира светските експерти за управување со отпад и кружна економија на конференција во Скопје на 29 ти и 30 ти мај

16/04/2025

AA

Потенцијалите на кружната економија, зелената енергија, отпадот како ресурс, климатски акции и цели за декарбонизација, паметни и дигитални технологии во управувањето со отпад, се дел од темите на меѓународната конференција „Патување кон одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MASWA) што ќе се одржи на 29 и 30 мај во Скопје.

На конференцијата ќе се обрати заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, холандската амбасадорка во земјата Озлем Чанел, шефот за соработка во делегацијата на Европската унија Стефан Худолин, претседателот на MASWA Михаил Матевски и претседателот на Меѓународната асоцијација за цврст отпад ISWA, Џејмс Лоу.

Покрај најновите трендови во сегментот на управувањето со отпад како основа на кружната економија, дел од панелите на конференцијата ќе бидат посветени на меѓу општинско управување со отпадот, ЕСГ стандардите во практиките за отпад, стандард и имплементација на нула отпад на депонија, буџетирање и финансирање на системи за одржливо управување со отпад, ZWTL (Zero Waste to Landfill) стандарди и имплементација на нула отпад до депонија и можности за проширување на одговорноста на производителот.

На конференцијата ќе присуствуваат домашни и меѓународни експерти, претставници на бизнис заедницата, институции, невладини сектор и академската заедницата. Една од целите на конференцијата е и зајакнување на соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор во насока на воспоставување на модел на одржливо управување со отпад и креирање на современи модели за паметни градови базирани на принципот на зелена енергија. На 29 ти мај активностите предвидени во рамките на конференцијата ќе се одржат во хотелот Холидеј ИН, а стручните предавања на 30 ти мај ќе се одржат на Технолошко – металуршкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во
Скопје.

Во насока на промоција на новите технологии, базирани на иновативни дигитални алатки и подигнување на свеста за поголема декарбонизација за прв пат на конференција ќе се имплементира систем на мерење на јагленородниот отпечаток.

Годинешната конференција ќе се одржи по шести пат, која MASWA ја организира на две години, односно е од биенален карактер. MASWA е единствена асоцијација во која членуваат над 40 компании, организации и индивидуални експерти кои работат во насока на развој на кружната економија и одржливото управување со отпад. Асоцијацијата е членка и на Меѓународната асоцијација за управување со отпад ISWA.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy