Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија заглавена на европското дно во третманот на отпадните води
Македонија

Македонија заглавена на европското дно во третманот на отпадните води

29/09/2025

AA

На Македонија сè поизвесно ѝ претстои да побара „транзициски период“ од Европската
Унија за да се усогласи со европските стандарди за управување со отпадните води.

Најголемите предизвици и понатаму се врзани со Поглавје 27 – управувањето со
водите и отпадот. Според Акцискиот план за имплементација на европските директиви
за отпадни води и вода за пиење, предвидената сума изнесува околу 1,2 милијарди
евра, а целосното спроведување е проектирано до 2041 година.

Иако според податоците од Заводот за статистика третманот на отпадните води преку
јавни комунални мрежи е зголемен за речиси 3 пати во периодот 2001–2021,
напредокот е далеку од доволен.

„Фактот што голем дел од изградената канализациска мрежа не води кон современи
колекторски системи е алармантен и мора да ја загрижи јавноста, институциите и
општините“, се наведува во Индикаторскиот извештај за животна средина 2022.
Само во 2022 година, количината на непречистени отпадни води е зголемена за речиси.

20% во споредба со претходната година. Најголем дел завршуваат во подземни води
(44,3%), а најмногу пречистени води се испуштаат во реките (22,9%).

Националната стратегија за води 2012–2042 укажува дека дел од трошоците за
канализацијата и отпадните води се вклучени во сметките за водоснабдување. Таму
каде што мрежата е обновена или изградена, процесот на собирање и пренесување
функционира ефикасно. Но, ризикот да се изгубат веќе обезбедени европски средства
е голем, бидејќи дел од проектите тапкаат во место.

Особено проблематична е состојбата во Битола, трет град по големина во државата,
каде што над 110 илјади жители сè уште чекаат пречистителна станица и нова
канализациска мрежа. Реката Драгор продолжува да биде главен испуст за отпадните
води. Иако е потпишан договор за изградба на пречистителната станица,
канализационата мрежа – како втора и неопходна фаза – останува без решение.

Договор со изведувач не е склучен, иако тендерот одамна е завршен.

Во меѓувреме, податоците на Евростат ја потврдуваат позицијата на Македонија:
заедно со Косово и Србија останува на самото европско дно кога станува збор за
управувањето со отпадните води.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО КРАЈОТ НА

17/09/2026
Македонија

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО

17/09/2026
Македонија

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА

17/09/2026
Македонија

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА

17/09/2026
Македонија

ЗЕЛ ВАП-МАШИНА ЗА ДА МИЕ ВОЗИЛО, ГО УДРИЛА СТРУЈА? На

17/09/2026
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45648
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА Националниот дата центар ќе

17/09/2026

До крајот на годината ќе биде донесена националната стратегија за вештачка интелигенција, најави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО ЛЕПЕНЕЦ ОД МОСТ Полицијата ѝ

17/09/2026

Скопската полиција ја откри и ја казни жената која денеска беше снимена како фрла ѓубре од мост директно во  Лепенец,

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА ЗАКОН Ова обвинителство ги чинеше

17/09/2026

„Дали може да ни објасните за бонусите кои ги земавте од СЈО и додатоци за тајност? Jас тоа го прашувам

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy