Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија во портокалова фаза: Граѓаните да внимаваат, ова се мерките и препораките!
Македонија

Македонија во портокалова фаза: Граѓаните да внимаваат, ова се мерките и препораките!

13/07/2023

AA

Од денес до недела целата територија на Северна Македонија ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза и затоа се воведуваат мерки и препораки за заштита на граѓаните од високите температури со времетраење од четири дена, до 16 јули, односно до натамошно одлучување.

Како што информира владината прес-служба, Владата на вчерашната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекуваат во следните четири денови и усвои соодветни препораки.

Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.

Почнувајќи од утре почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Согласно усвоеното, Владата препорачува: ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се бремените жени и лица на возраст над 60 години.  Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

– Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, се вели во соопштението.

Владата одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките.  Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. 

-Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници.  Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот, се наведува во соопштението.

Од Владата потенцираат дека надлежните органи постојано ја следат состојбата поврзана со временските температури со цел навремено преземање соодветни мерки за заштита на граѓаните.

Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45334
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026

Чадот кој е видлив од Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар: „Во прашање беа 20 секунди,

30/08/2026

Модната креаторка Ивана Кнез на социјалните мрежи откри дека нејзиниот дом за малку ќе бил зафатен од пожар кој се

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy