Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија од кружен тек станува крстосница на Балканот, вели Бочварски
Македонија

Македонија од кружен тек станува крстосница на Балканот, вели Бочварски

30/04/2023

AA

„Коридорите 8 и 10 се од стратешко значење за државата. Секако дека кога станува збор за Коридорот 10, ние веќе го завршивме со доведување на ниво на автопат, а моментално работиме на неколку позиции на рехабилитација на таа делница.

Што се однесува до Коридорот 8 имаме сериозни отстапувања од нивото на автопатската делница на западниот дел од државата каде што ние сме се обврзале како држава дека двата главни паневропски коридори ќе ги доведеме на ниво на поголема безбедност, на ниво на автопатски решенија, експерсни делници каде што ние ќе успееме да практично од кружен тек на Балканот државата да ја направиме крстосница.

Јас сум убеден дека ќе покажеме дека со овој модел имаме подобар начин и реализација и прогрес на изградбата на овие автопатски делници, бидејќи пак ќе повторам, граѓаните за тоа нè избрале да ги реализираме проектите кои што се од национално и стратешко значење.

Триесет и две години ние сè уште зборуваме дали треба да се изградат автопатиштата во државата или не“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во интервју за Македонската Информативна Агенција МИА.

Министерот Бочварски, во интервјуто потенцира дека за овој модел на градба зборувале и со професори од Градежен факултет и констатираше дека моделот несомнено ќе даде подобар прогрес и подобар резултат во работењето.

„Како министер за транспорт за мене, за Владата е клучно ние брзо да ги реализираме и затвориме прашањата во делот на градба на пан европските коридори. А ако сакаме да го направме тоа час поскоро тоа мораме да го направиме со моделот на проектирање и градба, тоа значи дека компанијата која што ќе биде изведувач на терен да ја има обврската и да проектира и паралелно со тоа да гради“, рече министерот Бочварски, појаснувајќи дека согласно договорот, законот и програмата која што ја донела Владата, изведувачот по стартот на реализација на договорот започнува со сите постапки на проектирање, а откако ќе заврши проектирањето на експропријација на одредени делници, ќе започне испитување на теренот бидејќи тие се клучни испитувања за да потоа кога ќе се проектира се испроектира правилно и да нема проблеми при градењето.

Министерот Бочварски во интервјуто зборуваше и за Законот кој се однесува на изградбата на коридорите 8 и 10-д.

„Законот е јавно објавен веќе две години и добро е. Секој има пристап до интернет да може да го отвори, да го разгледа и да го прочита законот кој што е донесен во Собранието и има програма за финансирање на патната инфраструктура за проектот Коридор 8 и 10Д која што ја има донесено Владата, исто така, објавена во Службен весник“, истакна министерот Бочварски, додавајќи дека компанијата Бехтел согласно законот има обврска да ангажира најмалку 51% домашни ресурси.

„Ова е проект кој што треба да остави белег и трага за граѓаните, за државата. Ова е проект не за Владата, не на една или две или три политички партии и коалиции, ова е проект на сите граѓани.

Ова е проект кој што треба да биде поддржан од сите бидејќи еве и опозицијата повторува дека тоа е проект кој што и тие го имаат предвидено и тие даваат поддршка за реализација на инфраструктурните проекти во државата.

И токму поради тоа треба да се концентрираме на работа на терен, реализација на проектот и јас сум убеден дека тоа граѓаните ќе го препознаат како квалитетен и добар проект“, потенцираше министерот Бочварски во интервјуто за МИА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се

15/10/2026

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите, а

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy